ноември 4, 2026

Свечена приредба на учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево

727953045_1431233065480904_3622449782139788428_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

По повод завршувањето на школската 2025–2026 година учениците заедно со своите наставници и менаџментот на училиштето организираат Завршна приредба со многу пеење, игра, изведби и др.

“Почитувани родители, ученици и пријатели, Ве покануваме на свечената приредба по повод завршувањето на учебната година и прогласувањето на најуспешните ученици. Да заокружиме уште една успешна учебна година исполнета со знаење, труд, успеси и незаборавни спомени.

Заедно да ги прославиме постигнатите успеси, талентот, трудот и посветеноста на нашите ученици. Ве очекуваме да ја споделиме радоста, гордоста и свечената атмосфера на оваа незаборавна вечер.,”

-напишаа од менаџментот на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево во поканата за овој настан кој е отворен за посета за сите граѓани на Делчево.

За авторот на оваа објава