За градоначалникот Гоцевски контролата на изградбата на инфраструктурните проекти е особено важен фактор за нивната долговечност
Во рамки на програмските определби за квалитетна изградба на локалните патишта и улици, денеска стручни екипи од овластена лабораторија за тестирање на градежни материјали, извршија контрола на носивоста и стисливоста на планумот на улицата “Индустриска” во централното градско подрачје во Делчево.
Во изминатиот период беа спроведени сите фази на изградба на улицата кои што овозможуваат за неколку денови да извршиме асфалтирање на оваа значајна сообраќајна артерија која секојдневно ја користат голем број граѓани на Делчево.
Контролата на носивоста на планумот на улицата е особено важен фактор при изградбата на ваков тип на улици кои што се оптоварени секојдневно и постојано со различни видови на подвижен товар од возилата и товарните камиони. На ваков начин со строга контрола на носивоста на улиците кои ги реконструираме и ги градиме, се овозможува нивна поголема долговечност.
Праксата за импровизации при изградбата на јавната инфраструктура во Делчево е минато.
Граѓаните имаат право да го добијат најдоброто за нивните пари инвестирани преку општинскиот буџет и јавните буџетски пари на државата.
-интегрален текст на соопштение упатено во јавноста од страна на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски

