Музејската поставка “Пијанец” во Делчево ги отвори вратите за средношколците од гимназијата
После подолго време, вратите на градскиот музеј “Пијанец” кој се наоѓа во Спомен домот АСНОМ во Делчево повторно ги отвори вратите за посетители.
Откако претходно неколку месеци се реализираа активностите за ставање во функција на оваа музејска поставка и сите формално-правни активности, конечно вратите на музејската поставка беа отворени за јавноста.
Денеска во рамки на нивниот наставно-научен процес средношколци под раководство на нивната професорка Билјана Ивановска од гимназијата СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево ја посетија поставката и се запознаа со мноштвото на артефакти кои што се наоѓаат во просториите на музејот а кои што ја разкажуваат раскошната приказна за историјата и традицијата во Пијанечкиот крај од најдамнешни времиња.
“Со почит кон традицијата и културното наследство, ученици од втора година од нашето училиште ја посетија музејската поставка во нашиот град. Преку изложените предмети и приказни имаа можност поблиску да се запознаат со историјата, традицијата и културното наследство.
Посетата беше инспиративно и поучно искуство кое кај учениците разбуди љубопитност и почит кон минатото ”
-напишаа од СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево на социјалните мрежи во врска со оваа активност.
