Делчево има спортисти со кои може да се гордее цела Македонија

706612571_1587044760087013_8887073956099155987_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денеска градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во својот кабинет го прими бодибилдинг-шампионот во повеќе категории Павле Богдаановски.

“Денес имав чест и задоволство да остварам средба со нашиот млад и исклучително талентиран спортист Павле Богдановски, кој со својата посветеност, дисциплина и огромна работа постигнува резултати за почит и восхит.

Павле е:

🏆 Победник во категорија Бодибилдинг Јуниори до 23 години и победник во категорија Сениори до 80 кг на Државното првенство

🏆 Топ 6 финалист на Европско првенство во категориите Бодибилдинг и Класик Физик Јуниори до 23 години

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

🏆 Победник во категориите Бодибилдинг и Класик Физик Јуниори до 23 години на „Херкулес Гранд При“

Ова се резултати кои не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат години труд, откажувања, дисциплина и силен карактер.

Горд сум што нашиот град има млади луѓе како Павле, кои се вистински пример за тоа како со работа, верба и истрајност се стигнува до врвот.

Убеден сум дека најголемите успеси допрва доаѓаат за него и дека ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

Му посакувам уште многу победи, здравје и нови спортски височини!”

-напиша на социјалните мрежи Грдоначалникот на Делчево Иван Гоцевски

За авторот на оваа објава