Градоначалникот Гоцевски се обрати од теренот на градскиот стадион по повод 100 годишнината од основањето на ФК “Брегалница” Делчево
По повод големиот едновековен јубилеј на постоење на Фудбалскиот клуб “Брегалница” од Делчево во сабота 23.05.2026 година се реализираа повеќе активности и свечености..
Пред преполната трибина на градскиот стадион свое обраќање имаше и Градоначалникот на опшѓтина Длечево Иван Гоцевски кој што меѓу другото ги сподели и своите спомени од времето кога и тој играл за овој спортски клуб со кој се гордеат сите дрчќевчани.
Во продолжение погледнете го целото обраќање на Градоначалникот Гоцевски по повод големиот јубилеј за сите вљубеници во спортот и фудбалот во Делчево.
“100 години историја, една љубов и едно име што гордо го носи духот на Делчево — Брегалница е повеќе од клуб, таа е симбол на нашето заедништво, борба и верност!”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски
