Најава за чествување на 24 Мај- Денот на Св. Кирил и Методиј во Делчево

crkva_sv_kiril_i_metodij
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски, Претседателот на Советот на општина Длечево Николчо Стоименовски во соработка со г. Марко- епископ на Делчевско-каменичката епархија и делчевското архиерејско намесништво во пресрет на одбележувањето на големиот световен и духовен празник 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј-патрони и заштитници на општина Делчево организираат богата културна програма.

Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува овој празник затоа што во 2012 година Св. Кирил и Методиј беа прогласени за патрони и заштитници на општина Делчево со Одлука на Советот на Општина Делчево а по иницијатива на тогашниот Митрополит Брегалнички Неговото Високо Преосвештенство г. Иларион.

АРХИВА: Одлука за прогласување на 24 Мај- Денот на Македонските просветители за патрон празник на општина Длечево и Св. Кирил и Методиј за покровители и заштитници на Делчево донесена на седница на Советот на општина Делчево која се одржа на 22 март 2012 година

Чествувањето за 24 Мај- Денот на Св. Кирил и Методиј-патрони и заштитници на општина Делчево во организација на Општина Делчево започнува во петок на 22.05.2026 година во Спомен домот АСНОМ со Свечена аладемија која ќе започне во 19.00 часот. Понатаму според официјалната програма предвидено е промоција на книга “Св Кирил и Методиј” чиј промотор ќе биде Монахиња Ирина.

Со почеток во 20.00 часот во Спомен домот АНСОМ во Делчево ќе започне концерт на византисо црковно пеење на хорот Св. Злата Мегленска од Скопје кој што според познавачите на работата на овој хор е прогласен за еден од најдобрите за ваков вид на хорска музика во светски рамки

Целата програма за чествување на празникот од страна на општина Делчево во соработка со делчевско-каменичката епархија ја пренесуваме во продолжение.

Петок 22.05.2026 година, сала на Спомен– дом АСНОМ

19.00 часот: Свечена академија по повод 24 мај Денот на светите Кирил и Методиј покровители и заштитници на Делчево

– Обраќање на претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стоjменовски,

– Обраќање на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски,

– Обраќање на г‑ин Марко, епископ на Делчевско-каменичката епархија,

– Доделување признанија за хуманост и општествена одговорност,

19.30 часот: Промоција на книга „Св. Кирил и Методиј”, промотор Монахиња Ирина,

20.00 часот: Концерт на црковно византиско пеење во изведба на Хор “Св. Злата Мегленска” Скопје

Сабота 23 Мај, 2026 година

17.00 часот: Вечерна богослужба во крстилницата Св. „Наум Охридски“ при соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево

18.00 часот: Литија од црквата „Св. Кирил и Методиј“ до параклисот „Св. Климент Охридски“ и кршење на славски колач.

Недела 24 Мај, 2026 година 

08.15 часот: Света Божествена литургија во крстилницата „Св. Наум Охридски“ при Соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ со која ќе чиноначалствува г. Марко, епископ на Делчевско– кaменичката епархија.

Во продолжение пренесуваме видео од нашата архива снимено на 24 мај 2012 година на Свечената седница на Советот на општина Делчево по повод Св. Кирил и Методиј- патрони и заштитници на општина Делчево

За авторот на оваа објава