Општина Делчево спроведува “Недела на зголемување на безбедноста во сообраќајот”
Во рамки на тековните активности на општина Делчево, надлежните служби работат на обновување на постојната сообраќајна вертикална и хоризонтална сигнализација но и поставување на нова на сообраќајници каде што истата недостига.
Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски активно е вклучен во подигање на свеста на граѓаните за зголемување на безбедноста и одговорен однос на сите граѓани во сообраќајот, со цел за превенција на несакани состојби. Поради таквите определби градоначалникот Гоцевски во рамки на своите должности настојува сообраќајниците во Делчево да добијат што подобра сообраќајна сигнализација што деновиве може да се забележи во градот.
” НЕДЕЛА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ![]()
По целосната изградба на улицата „Орце Николов“, поставени се технички средства за забавување на сообраќајот како и современа сообраќајна опрема и сигнализација, со што улицата го доби својот финален, модерен и уреден изглед.
Со новото обележување на просторот, добивме уште една безбедна и прекрасно уредена улица во Делчево, во интерес на граѓаните и сите учесници во сообраќајот.
Продолжуваме и на останатите улици низ градот, а ваквиот начин на уредување и зголемување на безбедноста ќе стане пракса и во иднина, со цел да создадеме побезбедна и поквалитетна сообраќајна инфраструктура за сите.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски.
