ноември 5, 2026

Ученици од СОУ “М.М.БРИЦО” твореа на ликовна колонија посветена на 150 годишнината од Разловечкото востание

FB_IMG_1778643447155
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во организација на менаџментот на Средното општинско училиште “Методи Митевски Брицо” Делчево во текот на вчерашниот ден се реализираше Ликовна колонија посветена на 150 годишнината од Разловечкото Востание.

Ученици од училиштето под туторство на нивната професорка Лиле Георгиевска на сликарско платно со акрилни бои твореа уметнички дела со пејсажи од славното Разловци во чест на големиот јубилеј.

Уметничките штафелаи беа поставени на неколку локации од каде уметничката имагинација на младите уметници го зароби погледот на автентичните пејсажи и селска архитектура.

🎨 Денес нашите ученици, заедно со професорката по ликовна уметност Лиле Георгиевска, учествуваа на ликовна колонија во село Разловци, организирана по повод одбележувањето на 150 години од Разловечко востание.
Со својата креативност и талент, учениците дадоа прекрасен придонес во зачувувањето на историското и културното наследство. 🖌️🇲🇰

-напишаа на социјалните мрежи од СОУ “М.М.БРИЦО” Делчево во врска со овој настан.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Уметничките креации на учениците од делчевската гимназија ќе бидат поставени во рамки на Спомен домот на Разловечкото Востание кој во изминатиот период целосно се реконструираше а свечено ќе биде пуштен во употреба на 19 мај во рамки на централниот настан за одбележување на големиот јубилеј.

За авторот на оваа објава