ЈЛБ “Илинден” Делчево го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право

678287355_1647108300419644_5838480421006298475_n
Сподели

По повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право, во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево се одржа дебата на тема „Електронско читање – предности и недостатоци“, на која активно учество зедоа учениците од IX — 1 одделенеи од ООУ„Ванчо Прке“ – Делчево,со класниот раководител Билјана Стоиловска,наставник по македонски јазик.

Со свои аргументи и ставови се вклучија директорката на библиотеката Биљана Петровска која рече дека изборот помеѓу електронското и традиционалното читање зависи од личните навики и потреби .Најважно е да се чита, без разлика на форматот, бидејќи читањето секогаш го збогатува умот и духот, а библиотеката во зависност од можностите ќе врши дигитализација на својот книжевен фонд. Зборуваше и Билјана Стоилова, наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“ за тоа колку е важно читањето и познавањето на нашата граматика.

Во дебатата се вклучи и Даниела Такева од Општина Делчево, лектор и поранешен новинар која се осврна дигиталното време,употребата на латиницата наместо кирилицатана социјалните медиуми,како и честата појава на зборови со погрешно или изменето значење.

За тоа како некогаш учениците читаа и дали ја сакаа книгата, свое искуство ни сподели Југра Симева,наставник по македонски јазик во пензија,која целиот свој работен век го помина во ООУ“Ванчо Прке“.

На настанот присуствуваше и Зорица Стојчевска библиотекар во ООУ “Ванчо Прке”

Дискусијата отвори значајни прашања за навиките на читањето во современото време и улогата на книгите во дигиталната ера.

Традиционално на Светскиот ден на книгата, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, избира и читател на годината. Овој пат епитетот читател на годината го понесоа Даниела Стефановска и Едвина Бекирова. Честитки,посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели!

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, останува на ставот дека не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да изнајмиш книга од нашата библиотека, а тоа е приближно исто.

Инаку, 23 април е тесно поврзан со големите книжевни великани Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, но како?

23 април („Денот на розите“) е неслучајно одбран уште во далечната 1923 година во Шпанија. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на овој датум.

Идејата поттикнала менување на книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за празникот.

Во 1995 година, УНЕСКО решило да го официјализира датумот како „Светски ден на книгите“, поради каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, која се случила на истиот овој датум.

Овој традиционален настан во голема мерка е насочен кон децата и има за цел да ја поттикне нивната љубов кон читањето.

Нека е честит Светскиот ден на книгата и авторското право!

За авторот на оваа објава