Делчевчани покрај својата река Брегалница го споделија Светиот Дух за здравје и бериќет

619538408_1459399419518514_1873160770101991803_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Илјадници граѓани на Делчево денеска беа дел од утринската литургија во Градската црква “Пресвета Богородица” а потоа и од големиот православен христијански настан на осветување на студените води на реката Брегалница.

Уште од раните утрински часови Неговото Високо преосвештенство епископот Марко со своите свештени лица служеа водогрсна литургија за голем број делчевчани кои беа дојдени да го чествуваат овој светол празник во духовниот храм во Делчево.

Со света литија која започна некаде околу 10.30 часот река народ предводени пред се од млади мирјани си црковни обележја пристапија на мостот на реката Брегалница во центарот на Длеево, каде што со громогласен глас беше соопштено “Бог се јави” а осветениот крст беше положен во студените води на реката, каде 30-тина млади момчиња беа влезени за да го извадат Светиот крст за да го положат повторно во црквата.

Најсреќен меѓу оваа група на верници беше младиот Бојан Ѓеоргиевси кој со радост и среќа го подигна Светиот крст кон небото пред присутните делчевчани кои го поздравија светиот чин со громогласен аплауз и традиционалниот поздрав “Бог се јави- Навистина се јави”.

Помеѓу присутните граѓани кои се прекрстија и го бакнаа Светиот Крст беше и градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со неговата сопруга, заедно со Владиката Марко.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Од Буџетот на општина Делчево на среќниот верник кој успеа да го подигне крстот од водите на река Брегалница Градоначалникот додели вредносен ваучер како и останати компании кои што согласно своите програми за општествена одговорност ја подржуваат оваа значајна вековна традиција.

За авторот на оваа објава