Сподели

ЈЛБ “Илинден” Делчево продолжува со несмален интензитет на своите програмски активности поврзани со библиотекарството и афирмацијата на Македонскиот литературен јазик и неговите составни делови.

На 17 ноември со почеток во 12.30 минути јавната библиотека во Делчево во соработка со Основното општинско училиште Св. Климент Охридски Делечво ќе реализира натпревар по краснопис на учениците кои што сакаат да учествуваат во едно вакво натпреварување.

“ЈЛБ„Илинден“-Делчево во соработка со основните училишта во градот

✒️Ве поканува да земете учество на натпреварот по Краснопис “Уметноста на ракописот”, посветен на негувањето на убавото и читливо пишување.

-Право на учество имаат учениците од II до VI одделение, кои сакаат преку убави букви и уреден ракопис да ја изразат својата креативност и љубов кон пишаниот збор.

-На натпреварот по Краснопис учествува по едено ученик од одделение, кој најубаво пишува

-Изборот за натпреварот, го прави наставникот на ученикот

📎Пријавувањето е до 13.11.2025 година

📍Натпреварот по Краснопис ќе се одржи во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево

🗓️Датумот на одржување е 17.11.2025 година

🕧Почеток 12часот и 30 минути.

Натпреварот има за цел да ги поттикне децата да го развиваат својот ракопис, трпението и вниманието при пишувањето, како и да ја откријат убавината на рачно напишаниот текст.🖋️🖊️

Најуспешните ученици ќе бидат наградени.

Ве очекуваме со вашите најубаво напишани букви и насмевки!

Со почит,

ЈЛБ„Илинден“-Делчево Во соработка со ООУ„Ванчо Прке“ и ООУ„Св.Климент Охридски“

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на ЈЛБ “Илинден” Делчево.