49 годишен жител на с. Град, делчевско за време на ловостој бил затекнат со ловечка пушка за која не поседува дозвола

selo_grad_panorama
Сподели

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Т.С.(49) од с.Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „незаконит лов“. На 22.01.2026 во атар на с.Град, за време на ловостој, пријавениот бил затекнат со ловечка пушка за која не поседува дозвола.

За авторот на оваа објава