Ученици од делчевската гимназија учествуваа на настан во организација на Здружението на наставници по германски јазик во Прилеп

597680383_1392919742844342_7092514528836982091_n
Сподели

На ден 15.12.2025 год. ученици од I до IV година од нашето училиште заедно со професорката по германски јазик Лидија Таушански беа дел од јазично‑културен настан кој оваа година се одржа во Прилеп.

Настанот беше организиран од Здружението на наставници по германски јазик, со поддршка на Гете-институт Скопје и Германската амбасада.

На настанот присуствуваа голем број ученици од различни градови низ Македонија, што придонесе за прекрасна празнична и интеркултурна атмосфера.

Со свои обраќања на настанот се обратија претседателката на здружението, г‑ѓа Габриела Темелкоска, претставничката на Гете-институт Скопје, г‑ѓа Гордана Бабоска, како и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, г‑ѓа Петра Дрекслер.

🎉Самиот настан беше збогатен со разновидна културна програма подготвена од учениците од основните и средните училишта во Прилеп, како и со голем број штандови кои го пренесоа духот на божиќната традиција.

Посетата претставуваше одлична можност за учење на германскиот јазик во автентичен и интерактивен контекст, каде учениците преку директна комуникација, културна размена и практични активности го продлабочија своето јазично знаење и ја почувствуваа употребата на германскиот јазик надвор од училницата.

Извор: СОУ “ММ Брицо” Делчево

За авторот на оваа објава