ноември 4, 2026

Граѓани се жалат: “Нема кој да каже дека е блокиран пато”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

На социјалните мрежи веќе почнаа да се појавуваат првите изливи на незадоволство и нервоза кај граѓаните поради неприликата која ја предизвика одронот на огромната карпа која го попречи регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица- Кочани.

load­ing…

-“Патот Каменица-Кочани во моментот кај точката. Нема кој да каже дека е блоќиран пато.!!!”

Ова е статус на граѓани кои тргнале кон Кочани но никаде не сретнале сигнализација или некој да ги информира дека патот е затворен.

Кога стигнале до критичната точка на одронот, морале да се враќаат назад, губејќи драгоцено време и создавајќи непотребни трошоци.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Реакцијата на институциите во вајва ситуација мора да биде брза и координирана со цел да не се случуваат несакани последици.

Истовремено нема информации во јавноста и не се знае дали е стабилизирана самата карпа и дали се можни слични или полоши вакви одрони во нардниот период.

За авторот на оваа објава