
Во вторник, 04.11.2025 година со почеток во 11.30 часот во мултифункционалниот центар на Спомен домот АСНОМ во Делчево се реализираше Фото работилница именувана “Боите на есента” со ученици од ООУ “Св. Климент Охридски” од Делчево.
Работилницата се реализираше во соработка со ЈЛБ “Илинден” Делчево и НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево како и со наставнички од споменатото основно училитше во Делчево.
Целта на оваа показно-практична работилница беше дечињата од најмала возраст на креативен начин да се запознаат со процесот за подготвување на новинарска фотографија и што значи таа во процесот за создавање на новинарски прилог.
Учениците од VI‑3 одделение од ООУ„Св.Климент Охридски“ под раководство на настаничката Валентина Даневска, пред учениците од V одделение од истото училиште со настаничките Јулија Крстевска, Васка Филиповска и Даниела Петровска, презентираа нагледни материјали од значајни културни и природни локалитети во Делчево, претходно подготвени во форма на новинарски текстови.
Потоа во рамки на работилницата лице од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во кратки црти ги презентираше функционалностите и составните делови на еден фото апарат по што присутните дечиња имаа можност да направат свои фотографии со приказ на подготвениот есенски дизајн во форма на макета од страна на ЈЛБ “Илинден” Делчево.
Оваа работилница беше предвидено да се реализира во природен пејсаж покрај реката Брегалница во центарот на Длечево но поради временските неприлики истата се одржа на затворено.
Реакцијата на дечињата кои седоа особено активн учество со голем интерес и љубопитност беше навистина прекрасна, што остава можност за реализација на други вакви и слични работилници во наредниот период.
Од ЈЛБ “Илинден” Делчево во врска со оваа работилница упатија свое соопштение во јавноста чиј текст го пренесуваме интегрално:
“ЈЛБ„Илинден“-Делчево, запиша уште една работилница во Извештајот на реализирани активности за 2025 година. И овој пат во соработка со НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“.
Нешто ново, интересно, нешто што до сега библиотеката го нема реализирано.
Работилницата требаше да се реализира на две локации: на кејот на река Брегалница кај Споменикот на паднати борци од НОБ и ПОМ и во градскиот парк,но поради дождот, работилницата ја одржавме во читалната на библиотеката. Учениците од VI‑3 одделение од ООУ„Св.Климент Охридски“ со настаничката Валентина Даневска, пред учениците од V одделение од истото училиште со настаничките Јулија Крстевска, Васка Филиповска и Даниела Петровска, презентираа нагледни материјали од значајни културни и природни локалитети во Делчево.
Кирчо Анастасовски од НУЦК, на дечињата им го објасни поимот новинарска фотографија, техничките карактеристики за еден фотоапарат и неговите функционалности.На крај имавме и показна вежба со секое дете, за фотографирање на сцени со мотиви кои ја отсликуваат есента.
Благодарност и до наставниците и до учениците, беше забавно, многи инспиративно и креативно.
Во златната тишина на есента, преку нашата работилница, се потсетивме на своите знаменитости и локалитети,како жива галерија, а секој клик на фотоапаратот од страна на децата,беше обид да се зачува дел од нејзината душата што шепоти низ боите и светлината.”
-напишаа од локалната библиотека од Делчево на социјалните мрежи.
