Сподели

Дигитализацијата на секојдневните активности на човештвото одамна го има завземено својот замав во светски рамки. Актуелност на социјалните мрежи во последните 15 тина години претставува реален факт дури и во најзафрлените и најнеразвиените држави во светот. Модерното секојдневие на секој од нас речиси и да не може да се замисли без користење на било која социјална мрежа.

Дали то ќе биде поради меѓусебна комуникација, себеизразување, работен ангажман, активизам или едноставно поради надградување на знаење, воопшто и не е прашање на избор зошто интерконектибилноста на офие функционалности е повеќе од пристапна и доведува до постојано менување на матрицата на размислување на корисниците на овие социјални мрежи.

Замајки ги во предвид овие претпоставки како релевантни, а раководени од идејата за што поголема присутност во што пошироки рамки на Дестинација Делчево во глобални рамки, неизбежно беше спојувањето на моќта на неколку највлијателни социјални медиуми со материјалот што е предмет на презентација на порталов.

Интеграцијата со фејсбук како најраспространета и повеќефункционална социјална мрежа со Дестинација Делчево е направена на минимално можно ниво на пилот верзијата на порталов која за првпат е објавена во јавност. Најверојатно со развој на содржините оваа интеграција со обемот на фумкционалности ке се зголемува.

Твитер како мрежа за инстант информирање (или забава) е застапена со еднонасочно споделување на информациите од порталот, но на прифатлив и забавен начин кој се карактеризира со кратки анегдоти и досетки.

Главнината на интерконенцијата на Дестинација Делчево со социјалните мрежи е особено акцентирана со овозможување на моќни функционални карактеристики пред се за графичко презентирање со Фликр. Овие две социјални мрежи се доминантно застапени во поврзувањето на програмскиот код на Дестинација Делчево пред се поради можностите и графички ориентираниот интерфејс за презентирање на содржините застапени на порталот.

Исто така застапени сме и на Инстаграм во вид на галериски пристап главно за промоција на преубавите места, настани и луѓе од Делчево.

Во пилот верзијата која за првпат е објавена на Дестинација Делчево, Јутјуб мрежата е минимално застапена со сувопарно споделување на неколку значајни видеа, но во иднина оваа интеграциска особина ќе се зголемува уште повеќе.

Пинтерест како релативно нова и понезависна социјална мрежа е застапена на Дестинација Делчево, и во иднина ќе бидат истражувани нови начини за поврзување меѓу нашиот портал и оваа социјална мрежа.