Сподели

Во четвртоk 20.11.2025 година во Мултифункционалниот центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи состанок за консултации во врска со реализацијата на проектот за Регионалниот систем за управување со отпад на ниво на Источен и Североисточен плански регион.

Состанокот кој е предвиден да започне во 10.00 часот е во организација на експертската група од консултантската куќа која што работи на спроведување на овој проект, кој што е од особено значење на сите граѓани на Делчево и пошироко во споменатите региони.

На најавениот состанок се предвидени повеќе точки на дневен ред од кои што најважна е онаа во која што ќе бидат представени пред граѓаните и јавноста главните особености на проектот при што од клучно значење ќе бидат предлозите, идеите и ставовите на граѓаните во Делчево.

Градот Делчево и поширокиот дел од делчевската котлина во изминатите години имаше огромен проблем со фрекфентните поари на градската депонија на месноста Острец од каде што поради потпалување во атмосферата се емитираат отровни гасови штетни по животната средина и здравјето на граѓаните.

Решавањето на овој проблем е од највисок приоритет на надлежните институции кои што на ниво на региони е планирано да се решава во наредниот период.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на овој јавен настан отворен за сите граѓани и целокупната јавност:

Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион

Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ со задоволство ја најавува презентацијата на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).

Целта на оваа јавна консултацја е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува стратешките приоритети, инфраструктурата и активностите потребни за одржливо управување со отпадот, во согласност со националните и европските еколошки цели. Стратегиската оцена ја оценува потенцијалната еколошка импликација на предложениот систем и предлага мерки за нивно ублажување и подобрување.

Јавните консултации ќе вклучуваат:

  • Презентација на главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад;
  • Преглед на наодите и препораките од Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина;
  • Отворена дискусија и собирање коментари, предлози и мислења од засегнатите страни, општините, организациите и граѓаните.

Датум и локација на јавната консултацијата:

20.11.2025г (Четврток) Сала на советот – Општина Делчево

Почеток од 10.00 часот

Како да учествувате:
Засегнатите страни и заинтересираните граѓани се поканети да присуствуваат на консултативниот состанок на наведениот датум и локација или да достават писмени коментари на: sene3@enviroplan.gr

Сите добиени коментари ќе бидат разгледани и земени предвид при финализирање на Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегискиот извештај за оцена на животната средина.

Вашето учество е од суштинско значење за создавање почиста и поодржлива иднина за нашите региони.”

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на консултантите при консултантската куќа која го спроведува овој проект.