ноември 12, 2026

Градоначалникот Гоцевски во Охрид го прими престижното национално признание “Младински пријателски град”

Делчево – Младински пријателски град
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски изминатите два дена беше дел од Четвртиот Национален форум за младиска работа под мотото „Признавање и квалитет на младинската работа – Од законска обврска до локална реалност!“

Во рамки на овој настан кој што претендира да биде репер за младински активизам во државата Градоначалникот Гоцевски во име на граѓаните на општина Делчево го прими престижното признание- националната награда “Младински пријателски град” што е своевиден показател за позитивнииот напредок во имплементирањето на локални политики во интерес на младите во општина Делчево.

Во врска со овој настан Градоначалникот на Делчево упати своја порака во јавноста чиј што текст го пренесуваме интегрално во продолжение:

“Со особена гордост и радост ја споделувам веста дека Општина Делчево е добитник на националната награда „Младински пријателски град“ (Youth Friend­ly Town) за 2026 година и тоа, како единствена општина во Источниот плански регион со ова признание!!!

Наградата ја добивме врз основа на национално истражување во кое беше оценет напредокот на општините во исполнувањето на законските обврски и унапредувањето на младинските политики и младинската работа. Вкупно се доделени осум награди, по една за секој плански регион.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За мене, ова признание е многу повеќе од награда. Тоа е поттик, но и потсетник дека вистинската иднина на еден град се гради преку довербата во младите луѓе, преку можностите што им ги даваме и преку просторот што им го отвораме за да бидат активни чинители во заедницата.

Сакам Делчево да биде град во кој младите нема само да ги планираат своите соништа, туку ќе имаат можност да ги остварат. Град во кој ќе бидат слушнати нивните идеи, вреднувани нивните способности и поддржани нивните иницијативи. Град во кој ќе сакаат да останат, да создаваат, да успеваат и да ја градат својата иднина.

Особено ме радува сознанието дека ова признание е посветено токму на младите – на нивната енергија, талент, амбиција и верба дека Делчево може и треба да биде место со повеќе можности.

Наградата беше свечено доделена денеска во Младинскиот центар во Охрид, во рамки на Четвртиот Национален форум за младинска работа, под мотото „Признавање и квалитет на младинската работа – Од законска обврска до локална реалност!“.

Ова признание го посветувам на младите од Делчево. Вие сте нашата гордост, нашата енергија и нашата иднина. А наша обврска е да создадеме град во кој вашите соништа ќе имаат простор да станат реалност!

Продолжуваме да градиме Делчево во кое младите се важни – не само за иднината, туку и за денес!”

-стои во соопштението до јавноста упатено од страна на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овој настан.

За авторот на оваа објава