Потпишани договорите за ангажман на 25 невработени лица за вршење на јавни работи во општина Делчево
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска ги потпиша договорите за работно ангажирање на 25 невработени лица од ранливи социјални категории на граѓани.
Преку Опшеративниот план на Македонската влада во изминатиот период беше објавен повик за аплицирање од страна на општината во рамки на мерката 5.1 која што подразбира ангажман на лица за вршење на јавни работи на територијата на општината.
Во рамки на повикот ангажираните лица ќе работат по четири часа дневно, со бруто-надоместок од 800 денари за работен ден.
“25 невработени лица со средства обезбедени од Владата ќе работат на подобрување на јавната хигиена во Делчево.
Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година на Македонската влада, преку АВРМ со мерката 5.1 – Јавни работи, во периодот од 26 октомври до 4 декември, во Делчево преку работен ангажман овие лица во координација со ЈКП “Брегалница” Делчево ќе бидат распоредени на повеќе локации во Делчево за вршење на јавни работи од делот на јавна чистота.
Денеска беа потпишани Договорите за работниот ангажман со што од утре ангажираните лица ќе будат на терен во сервис на заедницата.
Ангажманот на овие лица е во период во периодот од 26 октомври до 4 декември.
Оваа мерка овозможува активирање на невработените лица за соодветен хонорар, при што истовремено придонесуваме за почисто и поуредено Делчево.”
-информираа од општина Делчево во врска со оваа активност.
