ноември 4, 2026

“Растрчани” сите локални служби во подобрување на чистотата и разубавување на Делчево: Се перат улици, се наводнува зеленило, се кастрат крошни, се уредуваат парккови.…

chistota_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Како никогаш до сега сите локални институции работат под полна пареа во зададените насоки за одржување на максимално ниво на хигиена и разубавување на сите јавни површини во Делчево.

Откако се создадоа институционални предуслови во изминатиот период по налог на Градоначалникот Гоцевски, локалните институции посветено работат во расчистување на натрупани со децении стари и неупотребливи ствари, подобрување на функционалноста и репрезентативноста на сопствените простории и дворови, одржувањето на зелените површини и високостеблестите растенија и значително подобрување на хигиената како во сопствените дворови така и на сите јавни површини и паркови во Делчево но и во руралните населени места.

Вработените на ТППЕ Делчево кастрат високостеблести дрва, ги разладуваат и чистат од наноси локалните улици и патишта, го средија својот двор од различни непотребни предмети и уредно наредени дрва за огрев, педантно одржување на гаражата и службените простории…

Вработените во основните општински училишта и гимназијата во Делчево, работат на отстранување на претрупаните магицински простори, дворовите и зелените површини се како никогаш до сега средени со одржувана вегетација, хигиената во службените простории е на највисоко ниво…

А вработените на ЈКП “Брегалница” Делчево…? Тие се на терен и работат под полна пареа на сите можни позиции: од навремено и квалитетно прибирање и одлагање на комуналниот смет од домаќинствата и фирмите, преку одржување на јавната чистота на улиците и патиштата, преку посветено одржување на вегетацијата на јавните зелени површини.…

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Месните и урбаните заедници исто така допринесуваат во оваие определби и напори на Градоначалникот Гоцевски за етаблирање на угледот на Делчево како хуманизиран урбан простор со високо ниво на чистота и вегетација.

За да се дојде до ваквата посакувана состојба каде сите надлежни институции работат синхронизирано за една цел потребно беше малку повече кооординација и настојувања на градоначалникот сите надлежни да си ги работат своите обврски согласно нивните надлежности.

За оваа состојба градоначалникот оцевски упати и своја порака со видео инсерти од работата на терен на локалните институции:

“Во периодот што следува ќе бидат интензивирани координираните активности на ТППЕ Делчево и ЈКП „Брегалница“ со цел подобрување на хигиената и разубавување на нашиот град.

Преку заеднички акции за расчистување на јавните површини, отстранување на отпадот и уредување на просторот, ќе придонесеме Делчево да биде почисто, поуредено и попријатно место за живеење.

Ги повикуваме сите граѓани да дадат свој придонес со одговорно однесување, да ја чуваат животната средина и да помогнат во одржувањето на чистотата. Само со заедничка грижа можеме да го зачуваме убавото лице на нашето Делчево.

Заедно за почисто, поубаво и поуредено Делчево!”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски.

За авторот на оваа објава