ноември 4, 2026

Конечно жителите на населбата “Пролет” во Делчево ги добиваат долго-очекуваните улици

FB_IMG_1781709160624
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Фирмите изведувачи кои што се ангажирани за изградба и реконструкција на повеќе улици во Делчево, активно работат на терен за завршување на предвидените проекти.

Со оглед дека станува збор за повеќе улуци каде што се работи, потребно е внимателно планирање и координација на имплементацијата на градежните процеси, се со цел да не се создаде непотребен засотој за движење на граѓаните од една страна и предвидените градежни работи да се изведат максимално професионално како што треба од друга страна.

Во населбата “Пролет” во Делчево во тек е изградба на 4 делници на улици со што граѓаните на оваа населба ќе добијат подобри животни услови кои што ги очекуваат повеќе од 10-тина години,

На тие делници исто така е во тек изградба на целокупната подземна инсталација (водовод и канализација) со што во еден потекг на извршувањето на земјените работи без дополнителни трошоци граѓаните ќе добијат модерни и безбедни сообраќајници и комунална инфраструктура за нивните домови.

“Отпочнавме со реализацијата на инфраструктурните проекти кои се од особено значење за подобрување на условите за живот на граѓаните.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Задоволен сум од динамиката и начинот на кој се одвиваат градежните работи во населбата „Пролет“, каде интензивно се работи на изградбата на улицата 4в, како и на делови од улиците 1, 3 и 5, во вкупна должина од 420 метри.

Очекувам со завршувањето на овој проект населбата да добие современа и функционална патна инфраструктура, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно одвивање на сообраќајот, квалитетот на живот на жителите и целокупниот урбан изглед на овој дел од Делчево.

Продолжуваме посветено да инвестираме во инфраструктурни проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат за рамномерен развој на целата општина.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овое проекти.

Истовремено во текот на наредните денови се очекуба асфалтирање на улицата “Индустриска” на потегот од раскрсницата со Бул. “Македонија” до мостот на ре

За авторот на оваа објава