Општина Делчево за првпат гради одеднаш подземни инсталации (водовод, канализација) заедно со нови улици во населба “Пролет”
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска на лице место во населбата “Пролет” во Делчево беше на увид на тековните градежни работи на проектот за изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација.
Станува збор за поголем опфат на чија територија ќе се обезбеди подобар животен стандард на граѓаните за новите индивидуални објекти за семејно домување.
Проектот опфаќа позиции за подземна инфраструктура која што не е видлива за јавноста но од суштинско значење за нормално функционирање на граѓаните. По изградбата на подземните водови и инсталации во рамки на проектот ќе следува изградба на нови улици на предвидените делници. Ваквата пракса за паралелна изградба на сите фази на комунална и сообраќајна инфраструктура е релативно нов концепт на инвестиции на општина Делчево, што допринесува за поорганизирана и поефективна реализација на самите поректи во интерес на нивно побрзо завршување без притоа граѓаните да трпат проблеми во нивното секојдневие.
Финансиските сретства неопходни за реализацијата на сите предвиддени фази се обезбедени од Министерството за транспорт.

Градоначалникот Гоцевски во врска со реализацијата на овој голем проект упати своја порака во јавноста преку социјалните мрежи:
“Продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација во населбата „Пролет“.
Денес извршив увид во текот на работите и можам да кажам дека сум задоволен од интензитетот со кој се одвиваат активностите на терен.
Како градоначалник, моја обврска е да обезбедиме квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот на сите граѓани. Овој проект е уште еден чекор кон уредена, модерна и функционална населба.
Очекувам работите да продолжат со ова темпо и наскоро жителите на населбата „Пролет“ да добијат современ урбан лик, со целосно нова и квалитетна комунална инфраструктура.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски-градоначалник на општина Делчево.
