ноември 4, 2026

Средба Гоцевски- Борник во Швајцарија: Добрите швајцарски практики во локалната самоуправа може да се применат и во Делчево

Screenshot 2026-06-06 161313_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски се сретна со својот швајцарски колега- градоначалникот на општината Ешелан Серж Борник. Двајцата градоначалници имаа можност да поразговараат за можностите за соработка меѓу двете општини, во интерес на граѓаните на двете општини.

Градоначалникот Гоцевски на градоначалникот Борник му подари препрезентативни материјали од нашата општина и го покани да ја посети општина Делчево во периодот кој следува.

“Штотуку заврши официјалниот прием кај градоначалникот на Ешалан, г. Серж Борник, со кој имавме чест и задоволство да разговараме и за можностите кои ги нуди Општина Делчево.

На средбата разговаравме за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и добри практики, како и за начините на кои успешните швајцарски модели на функционирање можат да бидат применети и во нашата локална самоуправа.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Го информиравме градоначалникот Борник за активностите и напорите што ги преземаме за уредување и модернизација на Делчево, за проектите што ги реализираме во интерес на граѓаните, како и за нашата визија за понатамошен развој на општината.

Швајцарија е пример за организираност, посветеност и ефикасност, земја од која навистина може многу да се научи. Ваквите средби претставуваат одлична можност за стекнување нови знаења и идеи кои можат да придонесат за подобар квалитет на живот и поуспешно локално управување.

Особено ми е драго што лично му упатив покана на градоначалникот Серж Борник да го посети Делчево и да се запознае со природните убавини, културното наследство и развојните потенцијали на нашиот град.

Упатувам искрена благодарност за поканата и гостопримството. Убеден сум дека оваа посета ќе биде дополнителен поттик за воспоставување уште посилни пријателски и институционални врски меѓу нашите општини и меѓу нашите народи.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Длечево Иван Гоцевски во врска со оваа негова значајна меѓународна средба.

За авторот на оваа објава