Со базар на стари занаети и богата културно уметничка програма во Делчево започна чествувањето на 150 години Разловко востание
Со отварање на уличен базар на стари занаети и рачни ракотворби, во центарот на Делчево започна чествувањето на големиот јубилеј 150 години Разловчко востание.
На летната сцена во градскиот парк пред многубројната публика настапија најмладите членови на КУД “Гоце Делчев” Делчево, ФГ Вапцаров при НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево и членовите на ЗФГ “Копачка”, с. Драмче, Делчево.
“Почитувани гости,
Драги пријатели,
Ми претставува посебно задоволство што денеска Делчево како на дланка ја нуди својата трдиција, култура и уникатност. Преку овој локален базар, сите вредни занаетчии, креативци, уникатни творци, земјоделски производители, на едно место го промовираат својот талент, умешноста, она што нѐ прави уникатни.
Често се вели дека автентичните локални производи ја носат душата на местото каде се создадени и цврсто верувам дека ова е нашето пијанечко богатство.
Тоа е нашата традиција која и покрај современието и развојот на технологијата, вредните раце на домаќинките и на занаетчиите, љубоморно ја чуваат таа нишка која е цврсто врзана за нашите корени и идентитет, продолжувајќи ја традицијата.
Но, импресивно е вклучувањето на младите со своите креации и умешноста како современите техники да ги имплементираат во изработки кои пленат со својот изглед, но пленат и со својата порака- одговорните млади се тука да ја промовираат и чуваат традицијата која се пренесувала од колено на колено, од генерација на генерација.
Изразувам голема благодарност на сите вас што се вклучивте со својот труд во одбележувањето на големиот јубилеј 150 години од Разловечкото востание и, со вашите производи, вие го збогативте чествувањето.
Денес, кога го чествуваме големиот јубилеј 150 години од првиот истрел и првиот отворен и јасен повик за борба за слобода и достоинствен живот на Македонецот кој одекна од Разловци ширејќи се насекаде каде што дише и еден Македонец, ми претставува посебна гордост што на историските настани од предилинденскиот период, додаваме уште еден квалитет, а тоа е традицијата и културата на нашиот народ.
Улогата на една одговорна општина е токму таа, да создава услови, да ги анимира производителите и да отвора можности за промоција на локалните производи. Овој локален базар е празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
Нека се почитува и нека се памети и проширува насекаде, аманетот на разловечките востаници и нашата култура и традиција.
Ви благодарам и ви посакувам успешен ден.
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Општина Длечево во врска со овој настан кој е увертира на вечерашната богата програма на која ќе настапат воениот оркестар на АРМ и Националниот ансамбл Танец.
