Престижна награда за Ирина Спасевска од ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево на финалето на Државниот натпревар за француска шансона

701019388_1400662401871304_3691957165423056465_n
Сподели

На државниот натпревар за француска шансона Ирина Спасевски од Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево заедно со својата наставничка Билјана Начовски се закитија со престижна награда медал и патување во Париз

„, Во Скопје се одржа финалето на Државниот натпревар за француска шансона, каде беа доделени сите дипломи и награди на учениците од државните натпревари за основно и средно образование.

Учениците од 8 и 9 одделение како и ученици од средно образование беа наградени со „ Патување во Париз„ а останатите победници добија еднонеделен франкофонски камп во Струга.

Нашата ученичка Ирина Спасевски од IX — 2 беше наградена со патување во Париз кое треба да биде мотивација за сите ученици! Честитки Ирина за овој успех и за достојното претставување на нашето училиште!”

-информираа од училиштето ООУ “Св. Климент Охридски” од Делчево

За авторот на оваа објава