Со егзирцир на гардата, концерт на армискиот оркестар и Танец ќе започне централната програма за одбележување на 150 години Разловечко востание во Делчево
Во понеделник 18.05.2026 година со почеток во 14 часот на летната сцена Градоначалникот на општина Делчево ќе го отвори Базарот за рачни ракотворби и стари занаети, кој што општина Делчево го организира по повод 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание. Додека трае Базарот на плоштадот на летната сцена локални фолклорни друштва ќе прирадат богата свечена програма по овој повод.
Овој дел од програмата ќе биде увертира на тоа што ќе следува во 17 часот кога во фоајето на Спомен за кога е закажана промоција на Поштенската марка која што Македонски пошти ја издадоа по повод големиот јубилеј.
Потоа во салата во Спомен домот АСНОМ во Длечево ќе следува Научната трибина „150 години Разловечко Востание – Искра за вечна слобода на македонскиот народ“ на која ќе се обратат Проф Д‑р Ванчо Георгиев од Филозофскиот факултет, Д‑р Мирјана Нинчовска од Музеј на Македонија и проф Никола Минов.
За 20 часот е закажан приказ на Егзирцир на гардискиот состав на АРМ пред Летната сцена во Длечево а потоа следува Концерт на воениот оркестар на АРМ. Потоа следува изведба на патриотска музика со Даниел Савиќ и Еди Смит по што на летната сцена ќе настапи Националниот ансамбл “Танец”.
Во продолжение ја пренесуваме целокупната програма за централната манифестација за одбележување на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание која ќе се реализира на 18 и 19 мај во Делчево и с. Разловци
АГЕНДА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА
150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ
18 Мај, Понеделник – Делчево
14.00 часот: Одржување локален базар на стари занаети и рачни изработки во центарот на Делчево- Плато пред спомен дом АСНОМ
- Свечено отварање на локален базар од страна на модератор
- Говор на Директор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево
- Поздравен говор за отварање на настанот од страна на Градоначалникот на Општина Делчево;
- Културно- уметничка програма:
- Настап на ФГ „Вапцаров“ ДелчевоНастап на ЗФГ „Копачка“ ДелчевоНастап на КУД „Гоце Делчев“ Делчево
- Настап на ЖВГ „Ѓурѓа“ Делчево
17.00 часот:
- Промоција на поштенска марка „150 години Разловечко Востание“ – обраќање: Бојан Кареместевски – директор на Секотор за поштенски операции при А.Д. Пошти на Македонија
- Научна трибина „150 години Разловечко Востание – Искра за вечна слобода на македонскиот народ“- сала во спомен дом АСНОМ
- Најава од страна на модератор;
- Говор на директор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево;
- Говор на Градоначалник на Општина Делчево;
- Обраќање и презентација на научен труд од учесниците на јавна трибина по повод јубилејот;
20.00 часот: Егзирцир на гардиски состав на АРМ;
20.10 часот: Вечерен концерт по повод 150 години Разловечко востание во Делчево- летна сцена пред спомен дом АСНОМ
- Најава од модератор;
- Говор на градоначалник на Општина Делчево;
- Говор на Министер за одбрана (доколку дојде);
- Концерт на Воениот оркестар на АРМ;
- Соло изведба на револуционерни традиционални песни;
- Концерт на Националната установа ансамбл за народни игри и песни „Танец“;
- Одјава на настан и покана на присутните за настаните за наредниот ден во с.Разловци.
19 Мај, Вторник – с.Разловци, Делчево
07.00 часот: Планинарски марш “По врвиците на востаниците” на релација с. Тработивиште- Лошана- с. Разловци- во соработка со АРМ и МВР:
- 07.00 — Собирно место- Јавен паркинг пред Спомен дом АСНОМ;
- 07.10 — Транспорт за учесници Делчево- с. Тработивиште;
- 07.30 часот: Почеток на планинарски марш с. Тработивиште-Лошана- с. Разловци;
09.00–14.30 часот: Отворена посета на Црква Св. Цар Константин и Царица Елена за сите заинтересирани гости;
10.30-11.00 часот: Прием на официјални делегации во центарот на село Разловци на плато пред Спомен дом на Разловечкото востание:
11.00 часот: Најава на химна на Република Македонија од страна на модератор Роберт Велјановски;
11.01 часот: Модератор- краток реферат за настанот „150 години Разловечко востание: Искра за вечна слобода на македонскиот народ“;
11.05 часот: Полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата пред спомен домот на Разловечкото Востание, поставена по повод јубилејот 150 години Разловечко востание
11.10 часот: Најава за симболичен чин за предавање на знамето на Разловечкото Востание од страна на припадници на гардискиот состав на АРМ – учесници на планинарскиот марш на Градоначалникот на Општина Делчево во присуство на Премиерот и Министерот со пригоден војнички рапорт.
11.15 часот: Говор на Градоначалникот на Општина Делчево;
11.25 часот: Говор на Министер за култура и Туризам;
11.35 часот: Говор на Премиер на Република Македонија;
11.50 часот: Биење на камбаната на Црквата Св.Цар Константин и Царица Елена;
12.00 часот: Доделување на награди, плакети и благодарници од страна на модератор и задолжено лице за подготовка и предавање на награди, плакети и благодарници;
- Читање на наградени творби од литературен конкурс;
12.20 часот:
- Заедничка фотографија пред Спомен дом на Разловечкото востание;
- Свечено пуштање во употреба на реконструиран Спомен дом на Разловечко востание и
- Кратка посетителска тура низ содржините на Спомен домот;
- Повик на сите присутни на заеднички свечен ручек во дворот на Црквата Св.Цар Константин и Царица Елена во с.Разловци;
13:00 часот:
- Панихида во Црквата Св.Цар Константин и Царица Елена
- Ручек во двор на Црквата Св.Цар Константин и Царица Елена
- Музичка илустрација со изворна музика.
14.30 часот: Заминување на гостите.
