ноември 5, 2026

Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот Гоцевски за чисто и здраво Делчево, донираше нова машина за чистење улици

23
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Посветената работа на Градоначалникот Иван Гоцевски за доброто на сите жители на Делчево дава забележителни резултати. Во услови кога општина Делчево работи со лимитиран буџет поради натрупани долгови во минатите децении, општинта продолжува со сите сили да се нори за подобар живот за сите граѓани. Ваквата посветеност на Градоначалникот на администрацијата ја препознаваат се повеќе приватни компании кои на разно-разни начини се приклучуваат кон оваа определба за подобрување на животниот стандард за сите делчевчани и со лилен пример овозможуваат безусловна поддршка во рамки на своите можности за општинските институции.

Општина Делчево доби донација-нова машина за чистење на улиците од фирмата М‑Д РЕНТАЛС ДООЕЛ Скопје. Конкретно, станува збор за нова машина – вакумска метларка за чистење на улиците, произведена во 2024 година, марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредност од 399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

 Градоначалникот на Општина Делчево денеска го потпиша Договорот со компанијата за донација на Општина Делчево при што истакна дека е во прашање значајна донација која ќе придонесе за поефикасно одржување на јавната чистота, почисти улици и поуредени јавни површини во нашиот град.

“Потпишав договор со компанијата „М‑Д РЕНТАЛС“ ДООЕЛ Скопје, со кој Општина Делчево добива целосно нова вакумска метларка за чистење на улиците.

Станува збор за значајна донација која ќе придонесе за поефикасно одржување на јавната чистота, почисти улици и поуредени јавни површини во нашиот град.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Новата современа машина ќе биде ставена во функција на граѓаните и ќе помогне во секојдневното одржување на хигиената во Делчево, со што дополнително се подобрува квалитетот на урбаното живеење.

Искрена благодарност до компанијата „М‑Д РЕНТАЛС“ за општествената одговорност и поддршката кон Општина Делчево.

Со ова уште еднаш се потврдува дека нашите заложби како општина се препознаени и поддржани, кога се работи посветено и во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со конкретни дела и инвестиции за поубаво и почисто Делчево!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со оваа донација.

За авторот на оваа објава