Ова се условите кои треба да ги исполните доколку сакате да бидете директор на ЈКП “Брегалница” Делчево. Распишан оглас за нов директор
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го распиша Огласот за избор на Директор на ЈКП “Брегалница” Делчево.
Во огласот се дефинирани условите кои што треба да ги исполнат кандидатите кои што имаат цел да бидат Одговорно лице во најзначајното локално претпријатие кое што е од суштинско значење за животот на сите делчевчани.
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА – Делчево
Се распишува Јавен Конкурс за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА –Делчево со мандат од 4 ( четири) години.
За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- има минимум 5 (пет) години работно искуство,
- поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILECCambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English:First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС(APTIS)-најмалку ниво Б2(В2) или сертификат/уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски).
Со пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документи:
- Кратка биографија-CV;
- Уверение за државјанство;
- Лекарско уверение за општа здравствена способност како општ услов за засновање на работен однос, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд;
- Доказ за завршено високо образованиесо стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, заверен препис од диплома или во оргинал;
- Уверение/потврда од надлежен орган дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Доказ за работно искуство;
- Доказ за активно познавање на англискиот јазик во оригинал или заверен кај нотар еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија, не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (В2)или сертификат/уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски).
- Програма за работа и развој на јавното комунално претпријатие за период од 4 години.
Потребните документи се поднесуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
Работното време е од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата.
Рокот за пријавување на кандидатите за јавниот конкурс е 7 (седум) дена од денот на неговото објавување во дневните весници.
Пристигнатите документи по Јавниот Конкурс ќе ги прегледува тричлена Комисија избрана од Градоначалникот и во рок од 8 (осум) дена по истекот на Конкурсот целокупната документација ја доставува до Градоначалникот на Општината, кој во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставувањето на документацијата донесува Одлука за избор на Директор на јавното претпријатие.
Градоначалникот го задржува правото кандидатите со уредни пријави да ги интервјуира.
Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се достави во рок од 5 (пет) дена од денот на донесување на Одлуката за избор.
Пријавата со потребната документација се доставува до Архивата на ОпштинаДелчевоили преку пошта на следната адреса – Општина Делчевоул.Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево,со назнака: “За Јавен Конкурс за избор на Директор на ЈКП “БРЕГАЛНИЦА“Делчево .
Со избраното лице ќе биде склучен договор со кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувања согласно со закон.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
-стои во Огласот објавен на веб страницата на општина Делчево каде е достапен и обрзецот за пријавување.
Изминатите 6 месеци функцијата в.д. Директор на ЈКП “Брегалница” Делчево како внатрешно решение ја извршуваше Марија Сумрачка која што покажа забележителни резултати во своето работење кое беше исполенето со голем број предизвици: неповолна финансиска состојба, тужби од вработени и останати доверители, ограничен фонд на механизација и транспортни средства, дезорганизираност, недостиг на внатрешни инструменти за менаџирање на процесот итн.
