Директорот на АХВ Оливер Миланов утре (петок) ќе ги посети селата Град и Тработивиште во делчевскиот крај
Во рамки на неговите работни активности за постојана комуникација на надлежните органи со земјоделците на терен директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов во петок 20.03.2026 година ќе оствари работни средби со земјоделците на село Град и село Тработивиште во општина Деелчево.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанстве ги повикуваат земјоделците од овие села како и други заинтересирани граѓани да присуствуваат на овие отворени средби со директорот Миланов, кои што ќе се реализираат како јавни трибини.
Земјоделците и останатите присутни граѓани ќе можат во директна комуникација до Директорот на АХВ и неговиот ти да зе запознаат за сите прашања од нивен интерес како и да упатат свои прашања до директорот.
Средбата на директорот на АХВ, Оливер Миланов во село Град ќе се реализира во Петок, 20.03.2026 година во зградата на Подрачното училиште Св. Климент Охридски во село Град со почеток во 18.00 часот, додека средбата на земјоделците и останати заинтерерсирани граѓани од селото Тработивиште со Директорот Миланов ќе се реализира зградата на подрачното училиште во селото Тработивиште со почеток во 19.00 часот.
Се повикуваат сите земјоделци и останати заинтересирани граѓани да присуствуваат на овие отворени јавни трибини во овие две делчевски села.
