Најубавата предновогодишна повеќедневна прослава е во Делчево

600075115_1533204075143401_7520196032617788866_n
Сподели

Како никогаш до сега, со многу содржини со над 130-тина учесници општина Делчево за сите свои сограѓани организира повеќедневна новогодишна прослава под името “Зимска приказна во Делчево 2025–2026”, што со сигурност ја чини најубава новогодишна прослава во државата во оваа прилика.

Денеска на градскиот плоштад каде што се реализира најголемиот дел од новогодишната програма, кај новогодишната елка, во рамки на денешната програма сепак приматот за најубава содржина го понесоа дечињата од ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево кои што беа најсреќни и највесели во рамки на своето претставување

ЈЛБ “Илинден” Делчево под чија што логистичка поддршка се реализираше оваа програмска содржина за настанот упатија и свое соопштение:

Во рамнки на новогодишната програма на општина Делчево, а во организација на ЈЛБ„Илинден“- Делчево и ООУ„Св.Климент Охридски“ – Делчево, денеска во градскиот парк, новогодишната елка ја красеа првооделенчињата од ООУ„Св.Климент Охридски“.

Балони и лампиони избоени од детските рачиња, ја направија предновогодишната атмосфера уште поубава и повесела.

И денес игравме, пеевме и се смеевме, во чест на годината што ни доаѓа.

Благодарност во наставничките и до сите дечиња.

Заедно со ООУ„Св.Климент Охридски“ и утре ја продолжуваме зимската приказна во Делчево.Ќ

-соопштија од ЈЛБ “Илинден” Делчево.

Повеќедневната новогодишна програма во Делчево се состои од изведби на музички групи од различни стилови на музика, диџеи, театарски групи, филмски проекции, настани со многу дечиња од локалните училишта, граѓански активизам, показни работилници, литературни фестивали, промоција на автори, новогодишен базар, многу дружба, сплотеност и заедништво.

Овогодинешната програма општина Делчево ја организира со целосна поддршка на приватни стопанственици и донатори кои што обезбедија финансиски сретства од своите тешко заработени пари за да приредат незаборавна новогодишна атмосфера за своите сограѓани од сите возрасни групи.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ваквата соработка ја оцени како особено одговорна и значајна за развојот на заедницата и унапредување на заедничкиот интерес за што посвечена и празнична нова година и Божиќни празници, и упати на своја прес конференција огромна благодарност за покажаната огромна општествена одговорност од страна на стопанските субјекти.

За авторот на оваа објава