Куќичката на надежта во Делчево што ја промовираше градоначалникот Гоцевски, работи под полна пареа

Screenshot 2025-12-10 173536_2
Сподели

Откако пред неколку денови беше промовирана “Куќичката на надежта” поставена на градскиот плоштад во Делчево во рамки на предновогодишните чествувања, од страна на градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски, таа започнува да работи под полна пареа.

Голем број граѓани, организации, и компании веќе ја најавија својата поддршка за оние наши сограѓани кои што имаат потреба, а голем број од нив веќе ги доставија своите подароци дарувани со огромно чувство на топлина и посветеност.

Оваа благородна и хумана идеја Градоначалникот Гоцевски ја реализира мотивиран и во соработка со активистите на Советот на млади на Општина Делчево, учениците од Средното општинско училиште “Методи Митевски Брицо” Делчево и Општинската Организција на Црвениот Крст во Делчево.

“Куќичката на надежта” е дел од предновогодишната програма на Општина Делчево која што се најавува дека за првпат ќе биде реализирана во рамки на 20 дневна богата новогодишна програма со содржини за сечиј вкус и празнично расположение.

Сите граѓани, семејства, организации и приватни стопанственици мкои што сакаат и имаат можност да донесат насмеви и радост некому, тоа може да го направат со донирање на пакети со прехрамбени производи, облека, сретства за хигиена во “Куќичката на надежта” кај волонтерите и активистите кои што дежураат ка оваа куќичка поставена на градскиот плоштад. Истовремено да бидат дел од богатата новогодишна програма која се најавува од страна на општина Делчево.

https://www.facebook.com/share/r/1XCr8tjuxW

За авторот на оваа објава