ноември 4, 2026

Голем одрон на карпи на патот Делчево-Кочани, сообраќајот пренасочен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Ноќеска огромна карпа која се свлече на патот Делчево ‑Македонска Каменица-Кочани предизвика прекин на сообраќајот на овој патен правец.

Влажното време, ниските вечерни температури кои предизвикаа голема осцилација на вечерната температура, овозможија пукање на поголем блок на карпи од стрмните косини надвиснати над самиот коловоз во близина на селото Истибања во непосредна близина каде беше неодамна санирана свлечената карпа која повеќе години стоеше на самиот коловоз несанирана.

Сообраќајот од изутрина е пренасочен по регионалниот пат Делчево‑с. Бигла-Виница што е единствена друга алтернатива на Делчево при сообраќајната комуникација со овој дел од државата.

Екипи на ГП Гранит од изутрина се екипираат со човечки ресурси и поголема градежна механизација за надминување на проблемот. Се очекува попладне проблемот да биде надминат.

Зачестените проблеми на овој патен правец се секојднево поевидентни со што предизвикуваат огромни потешкотии за граѓаните на овој дел од Република Македонија.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Апелираме до надлежните институции за започнување на долгорочна постапка за изградба на алтернативното решение за автопатско поврзување на Делчево со што значително ќе се подобрат животните и транспортни услови за граѓаните но и економијата во нашиот град со заживување на истиот во секој поглед.

-“Ова веќе НЕ СЕ ИЗДРЖУВА!”-соопштија повеќе граѓани кои мораа да се прилагодуваат на оваа проблематична настаната ситуација од утрово.

За авторот на оваа објава