
Улицaта “Индустриска” во Делчево е една од најпрометните и најзначајни улици во централното подрачје на граdот Делчево. Таа претставува значајна сообраќајна врска на влезот на Делчево со Сервисната зона во северниот дел од градот, поврзување кон туристичкиот локалитет Голак, дел од Старо Делчево населбите Маџир маало и Стар Расадник, Улицата Светозар Маркови, Градскиот пазар како и кон улицата Маршал Тито.
Како таква таа на себе носи значајно сообраајно оптеретување, особено што тековно во значителен подем е изградбата на станбено деловните објекти во центарот на градот Делчево и нејзината целосна функционалност е особено потребна.
Оваа улица е една од најоштетените улици без претходно целосно изградени тротоари кои што беа потреба за работниците кои што секојдневно се движат кон индустрискиот дел од градот.
По претходно утврдената потреба и обезбедена техничка документација Владата на Република Македонија обезбеди над 20 милиони за целосна реконструкција на улицата преку Министерството за животна средина а градежните работи на терен започнаа де се реализираат пред неколку денови.
За реализацијата на овој проект свое соопштение во јавноста упати и Градоначалникот Иван Гоцевски кој ја истакна важноста за имплементацијата на истиот:
“Со задоволство сакам да ве информирам дека денeска започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Индустриска“, каде се инвестираат над 20 милиони денари средства од Владата на РМ. Со овие градежни зафати комплетно решаваме еден од најголемите предизвици во изминатиот период и една од најфреквентните улици во градот и главна сообраќајница што го поврзува индустрискиот дел, градскиот пазар и населбите Расадник и Трети Реон, ќе добие нов урбан лик и ќе прерасне во современа сообраќајница која ќе даде поголема безбедност во сообраќајот за сите учесници.
Ул „Индустриска“, комплетно ќе се реконструира во должина од 500 метри, односно од мостот на река Брегалница до клучката на транзитниот булевар „Македонија“. Работите ги изведува фирмата „Стојменов“ од Кочани која има обврска комплетно да ја реконструира улицата со ширина од 6 метри на коловозот, со поставување нов асфалт, замена на долен строј и реконструкција на тротоарите. Вредноста на реконструкцијата е 11, 9 милиони денари, цена со ДДВ, а средствата се обезбедени од Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.
Претходно на оваа улица заврши и поставувањето на атмосферската канализација која е дел од проектот за изградба на атмосферска канализација во Централното градско подрачје во должина од над 1 000 метри и ги опфаќа улиците „Индустриска“ и ул „ЕДЕН“ во Централното градско подрачје. Со овој проект, конечно, се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици во овој дел на градот. Новата атмосферска канализациска мрежа во голема мера ќе ги зафаќа и атмосферските води од населбата Милково Брдо, а со тоа ставаме крај на деценискиот проблем со поплавите кои се случуваа и овие атмосферски води се спроведени во реката Брегалница.
Со овој инфраструктурен проект поддржан од Владата на РМ преку Министерството за животна средина уште еднаш докажуваме дека работиме плански, посветено почитувајќи ги сите стандарди за вакви инфраструктурни проекти и обезбедуваме современи услови и создаваме безбедна и урбана средина.
Вредноста на овие работи изнесува 8,4 милиони денари цена со ДДВ, а изведувач на работите беше фирмата ВОД-ВАР Инженеринг.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево
