
Педесет и четири зборчиња кои треба да бидат најважни во годината што доаѓа,напишани на балони, утрово летнаа кон небесната шир.
Првоодделенците од ООУ„Ванчо Прке“ денес беа во градскиот парк, а ЈЛБ„Илинден“ им подготви ленти на кои ставивме убави зборчиња кои треба да ја красат Новата 2026 година.Врзани за балони, дечињата ги пуштија зборчињата, како птици да летаат низ светот. Повторно игравме и пеевме околу новогодишната елка, и повторно беше убаво, весело, радосно и бучно. Сето тоа и овој пат, во рамки на Новогодишната програма на општина Делчево.
ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, упатува благодарност до ООУ„Ванчо Прке““, до наставничките и до сите ученици, за реализација на денешниот настан.
Ова беше и последната активност на библиотеката во рамки на предновогодишната програма на општина Делчево.
Благодарносат до двете основни училишта и до детската градинка, заедно изминатите денови ја создававме зимската приказна во Делчево.
