Општина Делчево го распиша Конкурсот за доделување на општинска награда на Општина Делчево за 2026 година
Претседателот на Комисијата за доделување на награди и признанија и Претседател на Советот на општина Делчево Николчо Стојменовски ја потпиша одлуката за распишување на Конкурсот за доделување на општинската награда на општина Делчево за 2026 година.
Според правилата утврдени во Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на општина Делчево, Комисијата конституирана за доделување на награди и признанија при ЕЛС Делчево на својата сендица одржана на 07.07.2026 година го распиша Конкурсот кој што ќе трае 30 денови, заклучно со 07.08.2026 година до кога може да се поднесуваат номинациите за потенцијалните добитници на општинската награда за 2026 година.
Општинската награда се доделува во две категории на физичко и правно лице како општествено признание за посебни постигнувања од различни области на општествениот живот во општината и државата, кои што се со место на живеење/седиште на територијата на општина Делчево.
Наградите на потенцијалните добитници ќе бидат доделени на 7 Септември0 Денот на ослободувањето на Делчево.
Во продолжение го пренесуваме документот за објавата на конкурсот кој што го објави општина Делчево.

