За големата прослава на 150 годишнината од Разловечкото востание општината обезбеди слободен превоз за сите граѓани во вторник до с. Разловци и назад
Општина Делчево ги информира граѓаните дека по повод централната прослава на јубилејот 150 години Разловечко востание, што ќе се одржи на 19 мај, вторник, има организирано бесплатен превоз на граѓаните до с. Разловци.
ВОЗЕН РЕД
за релација Делчево – Разловци
1. Релација: Делчево – Тработивиште
Тргнување за с. Тработивиште во 07:00 часот од пред паркингот на Домот на културата АСНОМ во Делчево.
Планирани патници за превоз на оваа релација вкупно = 100 патници.
Враќање од с. Разловци од 14:30 – 15:00 часот.
2. Релација: Делчево – Разловци
Тргнување за Разловци во 09:00 часот од 3 почетни станици:
Почетна станица бр.1:
- ул. Светозар Марковиќ пред паркингот на Домот на културата АСНОМ во Делчево.
Вкупен број на патници = 120.
Враќање од с. Разловци во период од 14:30 – 15:30 часот.
Почетна станица бр.2:
- Гимназија „М.М. Брицо“ Делчево, вкупниот број на патници изнесува 290 (ученици и наставници).
Враќање од с. Разловци во период од 14:30 – 15:30 часот.
Почетна станица бр.3:
- Влез пред Основно училиште „Ванчо Прке“ Делчево, вкупен број на патници = 200 (ученици и наставници).
Тргнување во 08:00 часот – Враќање од с. Разловци – Делчево во 14:30 часот.
Комисија за одржување на културни
манифестации на Општина Делчево
Превозник: ДООЕЛ Рома Транс с. Вирче
Одговорно лице: Крумчо Ромовски
