Градоначалникот на Делчево ќе побара прогласување природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево

688031617_1565151722276317_1428480992665037174_n
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во текот на вчерашниот ден упати пораки во јавноста во врска со состојбата која ја зафати општина Делчево во однос на минусните температури од кои пострадаа земјоделските насади.

“СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА:

Согласно член 26, член 27 и со претходна усогласеност со Претседателот на Советот на Општина Делчево му предложив свикување на вонредна седница на Советот уште наредната недела (во петиод кој ќе го утврди истиот).

Согласно член 42, став 6 од Статутот на општина Делчево на вонредната седница ќе предложам да се констатира природна непогода-голомразица што ја зафати територијата на Општина Делчево во првите неколку денови од месец мај 2026 година.

Овој предлог доаѓа по минусните температури кои што предизвикаа огромни штети врз овошните насади, а со цел за обесштетување на земјоделците од нашата општина.”

-напиша вчера во попладневните часови на социјалните мрежи градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

Градоначалникот Гоцевски претходно во вчерашниот ден првично излезе со реалција во која соопшти дека тој и неговиот тим ја следат будно состојбата со ниските температури кои го зафатија Пијанец и Малешевијата и дека ќе дејствува во интерес на сите граѓаани на општина Делчево.

“До мене доаѓаат информации за постоење на состојба на измрзнување на овошките на територијата на општина Делчево.

Сакам да ја информирам јавноста дека ја следиме состојбата директно на терен и настанатите состојби ги добиваме од самите ниви во корелација со нашите земјоделци.

За евентуални понатамошни чекори јавноста ќе биде запознаена.”

-напиша претходно Градоначалникот Гоцевски на социјалните мрежи.

Штетите од појавата на голомразица како резултат на минусните температури во општина Делчево, Пехчево и Берово се огромни, што ќе предизвикаат огромни проблеми врз работата на земјоделските стопанства од кои егзистираат голем број на граѓани и цели семејства.

Овоштарството во микрорегионот Пијанец- Малеш директно страда неколку години по ред а основен проблем е што осигурителните компании не нудат пакети за осигурување на земјоделските насади.

Од друга страна во изминатите години беа насадени голем број на овоштарници како резултат на субвенциите на државата, но сега кога треба да се берат плодовите, овие субвенционирани насади целосно се непродуктивни со што се става под знак прашање оправданоста на државните субвенции.

Ваквата состојба мора под итно да биде ставена како тема за дискусија на најрелевантните фактори во државата вклучително и научната и експертска јавност за да се превенира и да се сузбие ваквата состојба на трошење на огромни парични сретства од кои што нема повратен бенефит за државата и народот.

За авторот на оваа објава

Најнови објави