Продолжува филмскиот тренд во кино салата во Делчево. Денеска проекција на детски филм
Семејниот филм “Младиот Винету и изгубените биволи” денеска попладне (среда, 19.11.2025 година со почеток во 17.00 часот) ќе блесне на големото платно во градската киино сала во Делчево за сите љубители на една несекојдневна филмска авантура.
Оваа детска драма која може да ја одгледа целото семејство на големото платно за делчевската публика ја носи НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во рамки на нивната програмска определба за редовни филмски проекции кои се реализираат секоја среда во киното во Делчево.
МЛАДИОТ ВИНЕТУ И ИЗГУБЕНИТЕ БИВОЛИ
Жанр: Детски / фамилијарен филм
Година: 2022
Земја: Германија
Режија: Мајк Марзук
Јазик: Синхронизиран на македонски и албански јазик
Возрасна категорија: Втора категорија, 8+
Краток синопсис на филмот:
12-годишниот син на поглаварот, Винету, се замислува себеси како голем воин, додека неговиот татко, Инчу Чуна, верува дека уште многу треба да научи. Кога стадото биволи нема да се врати со што ќе го загрози опстанокот на племето, Винету ја користи можноста да се докаже пред татка си. Заедно со сестра му Ншо-Чи и младиот сираче Том, Винету тргнува во опасна авантура да ги спаси Апачите.
Билетите по цена од 100 денари може да се набават во просториите на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево (Спомен дом АСНОМ) или на билетарата во кино салата пред почеток на проекцијата на филмот.
