
Шипката е диво грмушесто бодликаво растение од родот па розите и е едно од најлековиттите овошја во светот.
Плодовите на шипката се богати со антиоксиданси со благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем.
Во практика се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти
Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот.
Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.
Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата.

За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки.
Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај.
Поради сите овие специфики Шипката се смета за симбол на вечниот живот, плодноста и здравјето.
Во Делчево шипката е присутна во изобилство во природата како диво некултивирано растение и е достапно на сите љубители на производите од шипка да дојдат и самите да си наберат од неговите плодови.
Делчево и целиот регион на Пијанец е еден од еколошки најчистите региони во Република Македонија и пошироко во регионот. Поради таа причина и широк дијапазон на специфични микроклиматски услови и богата хидрографска и минеролошка карта на Делчевската општина, на ова поднебје егзистираат голем број на растенија во закрила на природата, кои се карактеризираат со својата реткост и фармацевтска примена.
Наша улога и мисија е ова богатство да го доближиме до пошироката публика, со што ќе допринесеме за свесноста и одговорноста кон зачувување и искористивање на најсоодветен начин на овој природен дивезитет на Делчево и Пијанецот.
#НабериЗдравје #Биодиверзитет #CollectHealth #Biodiversity
