Сподели

Претседателот на Советот на Општина Делчево Д‑р Николчо Стојменовски преку социјалните мрежи упати свое соопштение со кое што ја претстави новата дигитална платформа за организација и водење на целосно електронски седници на Советот.

Станува збор за воведување на нова дигитална алатка која што е наменета како за советниците во исполнувањето на нивните службени обврски, но исто така наменета и за граѓаните за да ги следат седниците и процесот на донесување на одлуките од страна на советниците.

Има повеќе придобивки од имплементацијата на оваа мерка со која сериозно се прават заштеди на хартија, коперски услуги а пред се време кое е потребно за печатење и достава на материјалите до советниците за секоја одржана седница на Советот.

Дополнително додадена вредност од имплементацијата на оваа алатка е што граѓаните во реално време може да следат кој од советниците како гласал за точките кои се на дневен ред на самата седница на Советот.

Реализацијата на овој проект е дел од програмата на градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски и Коалицијата “Твоја Македонија” на минатогодишните локални избори која што доби огромна доверба од сите граѓани на општина Делчево.

Во врска со реализацијата на овој проект свое соопштение во јавноста упати Претседателот на Советот Николчо Стојменовски чија што содржина во целост ја пренесуваме во продолжение:

Почитувани сограѓани на Општина Делчево,
“Со задоволство Ве известуваме дека по успешно спроведената обука на советниците и административниот тим, од денеска, 30 јануари 2026 година, Советот на Општина Делчево ја става во целосна функција новата дигитална платформа opstinskisovet.mk.
Тоа значи дека 4. редовна седница на Советот, која ќе се одржува денеска, ќе биде првата официјална електронска седница , со електронско доставување и објавување на материјали, електронски дневен ред, гласање и целосно дигитално водење на постапката.
Оваа промена носи повеќе предности за сите нас:

Целосна транспарентност, сите документи, предлог,одлуки, извештаи и записници ќе бидат јавно достапни во реално време на платформата и на официјалната веб-страница на општината (www.delcevo.gov.mk).
Поголема ефикасност ‚значително намалени трошоци за печатење и дистрибуција, побрзо работење и помала потреба од физичко присуство кога условите дозволуваат електронска седница.
Лесен пристап за граѓаните ‚секој граѓанин може да се најави како гостин на платформата, да ги прегледа материјалите, да ги следи седниците и да биде информиран за сите одлуки.
Модерна локална самоуправа,чекор напред во дигиталната трансформација, во согласност со националните политики и заложбите за отворена и одговорна институција.

Ги покануваме сите граѓани да ја посетат платформата opstinskisovet.mk уште од утре, да се регистрираат како гости и да ја следат работата на Советот во реално време. Дополнително, седниците ќе продолжат да се емитуваат во живо преку официјалните канали на општината.
Општина Делчево останува посветена на отвореност, модерност и ставување на граѓаните во центарот на одлучувањето.”

-стои во соопштението на претседателот на Советот на Општина Делчево Д‑р Николчо Стојменовски упатено до јавноста.