Сподели

Напредуваат градежните активности за уредување на дворното место и изградбата на партерот на новиот објект на детската градинка во населбата Стар Расадник во Делчево.

Станува збор за повеќе видови на градежни работи кои што се неопходни да се превземат со цел за ставање во функција на овој објект кој што е клон на ЈОУДГ “Весели Цветови” во Делчево.

Паралелно со овие градежно-занаетчиски работи се спроведува процедурата за набавка на мебел и инвентар за потребите и работата на овој објект, што исто така како предуслов е потребно да се спроведе од страна на локалните власти.

“Се поставуваат планираните содржини во дворот на новата детска градинка со што започна последната фаза од дворното и партерно уредување на новата детска градинка во населба Расадник која полека го добива својот финален изглед.

Увид во текот на работите направи градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од квалитетот на извршената работа која е во завршна фаза.

-Деновиве се монтираат содржините од детското игралиште, а согласно со проектот, изградена е дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, печашки патеки, детско игралиште со најразлични содржини. Следува процес на набавка на мебел и други потребни средства, а се очекува новата градинка која ќе пружа одлични современи услови за престој и воспитно-образовна дејност на 130 дечиња, да ги прими своите први дечиња во текот на оваа 2026 г., нагласи Гоцевски.

Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ‑М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.”

-стои во соопштението упатено од страна на општина Делчево во јавноста.