Музички перформанс на ФГ “Вапцаров” на стадионот во Делчево по повод 100 годишнината од основањето на ФК “Брегалница” Делчево
Свој забележителен придонес во настанот за одбележување на 10 годишнината од основањето на ФК “Брегалница” Делчево имаа и членовите на Фолклорната група “Вапцаров” Делчево кои што со свој фолклорен перформанс се претставија пред присутната илјадна публика на трибините на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Делчево
![]()
100 ГОДИНИ ФК „БРЕГАЛНИЦА“ – ДЕЛЧЕВО ![]()
![]()
По повод големиот јубилеј – 100 години од постоењето на Фудбалскиот клуб „Брегалница“ – Делчево, фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ има особена чест да биде дел од оваа свеченост и да го отвори јубилејниот настан.
Со голема почит и искрени честитки до клубот, играчите, навивачите и сите генерации кои низ годините го граделе името на „Брегалница“, Ви посакуваме уште многу успеси, победи и спортски моменти за паметење! ![]()
БРЕГАЛНИЦА 1926–2026 ![]()
100 години историја, борба и љубов.
Еден град. Еден клуб. Една страст.
-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонков Впацаров” Делчево во врска со овој настан
