Вовед:

Димитар Узунски е неуморен работник, подвижна енциклопедија и жива легенда на Пијанечкиот и македонскиот фолклор. Скромен и едноставен човек кој целокупниот свој живот го посветил на музиката (најпрво како музички педагог) и на фолклорните вредности на пијанечкиот човек и македонскиот народ.

Многу често Димитар Узунски знае да изненади со духовита анегдота, кажување, народна мудрост.... Човеков има "капак за секое тенџере" во најпозитивнас и конструктивна смисла. Секој разговор со него е лек, течен, пријатен, но, истовремено тежок, промислен и полн со суштина...

Она што Димитар Узунски го има направено за својот народ, многумина не можат ни да го замислат... 

uzunski 03

Автобиографија: 

Признат просветен и културен работник. Носител на звањето „Особено истакнат педагошки работник“. Роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште. Основно образование завршува во родното место, а гимназија во Берово.

Учителствува во Илиово, Драмче, Разловци, во село Град и Делчево. Сепак ,најмногу ќе се задржи како наставник по музичко воспитување во училиштето во родното Тработивиште, каде доаѓа по завршувањето на Педагошката академија во Скопје, на групата Музичко воспитување. Во родителскиот дом ќе се стекне со големата љубов кон пијанечкото народно творештво. 

Од родителите ќе научи многу песни, приказни, народни ора и обичаи.

Во младоста ќе се запознае со познатиот собирач на македонското народно творештво Ганчо Пајтонџиев од Велес. Исто така, ќе има прилика да се сретне и со  д-р Битре Треруп, познат истражувач на македонскиот фолклор од Копенхаген,  Данка, која во 1955 год престојува во Пијанец и Тработивиште. И кај него ќе се разгори желбата за собирање на народното духовно богатство.

1967 год. Институтот за фолклор на Р.Македонија ќе го ангажира за надворешен соработник. Тоа ќе го прими со задоволство и набргу ќе ја добие првата награда  на распишаниот конкурс за собирачка активност од страна на Институтот за Фолклор и весникот „Просвета“. 

И училиштето и тој ќе ги освојат првите  две награди за училиште и за наставник.

Тоа ќе го охрабри и од тогаш, па до денес, тој е неуморен собирач на пијанечкиот фолклор и еден од најдобрите современи собирачи на македонскиот фолклор.

Покрај собирачката активност, тој е неуморен афирматор на пијанечкото фолклорно богатство. Со своите трудови учествува на повеќе научни симпозиуми од областа на фолклорот, неговото сценско презентирање, но и во расветлувањето на повеќе моменти од историското минато на Пијанец. Таков е неговиот труд монографијата „Разловци“.

Тој се разликува од другите собирачи по тоа што  лично  учествува во презентирањето на пијанечкиот фолклор како пејач, инструменталист, раскажувач, но и како играорец и е неуморен организатор. За музичката продукција на МРТВ, со оркестарот од изворни народни инструменти има снимено 40 изворни песни од Пијанец, а ќе подготви и сними неколку врвни музички и документарни емисии. Само за локалното Радио Делчево, ќе подготви над 400 емисии од фолклорното богатство на Пијанец. 

Зад него се бројни настапи во телевизиски и радиоемисии, на медиумите МРТВ, но и на ТВ „Канал 5“. Неговиот придонес во одбележувањето на значајните датуми од непоколебливото револуционерно минато на Пијанец е огромно, како и неговото познавање на народните обичаи и претставува непресушен извор од каде можат да се црпат податоци за традицијата и, воопшто, за животот на луѓето во овој крај во минатото.

uzunski 14

uzunski 15

uzunski 16

uzunski 13

Тој е активен учесник и соработник на традиционалната Пијанечко-малешевска свадба, која КУД „Гоце Делчев“ во соработка со Општина Делчево прави напори за зацврстување како културна манифестација со цел зачувување на свадбарските обичаи од Пијанец, а се  организира секоја година во септември.

За својата неуморна работа добитник е на голем број признанија меѓу кои и

-Признанието за животно дело доделено од Градоначалникот на Општина Делчево во 2012 година,

-Државната награда “23-ти Октомври” доделена од Собранието на Република Македонија во 2014 година.

аградата "Најдоброто од истокот" која ја доделува Регионалниот центар од Источниот (Брегалнички) регион на Здружението на новинари на Македонија.

Еден од најзначајните моменти во досегашната фолклорна дејност е обновата на фолклорната група од село Драмче во 1961 година. Со неа ќе учествува на бројни смотри и фестивали во татковината и надвор од неа. Старите играорци со својата волшебна игра ќе го пленат срцето на младиот учител. Со нив ќе биде на многу собори и свадби воодушевувајќи се од нивната игра.

Негова посебна љубов беше играта на дедо Митко. Полни 50 години со него по фестивалските сцени следејќи ја неговата  игра и насладувајќи се од неговите волшебни чекори.

Клик тука за Видео од церемонијата за доделување на Државната награда “23-ти Октомври” доделена од Собранието на Република Македонија во 2014 година.

Галерија на фотографии од животот и работата на Димитар Узунски: 

uzunski 00

uzunski 19

uzunski 04

uzunski 05

uzunski 12

Напомена: Текстот од автобиографијата е превземен од монографијата "Димитрија Станоевски (дедо Митко)-ЛЕГЕНДАТА НА КОПАЧКАТА" чиј автор е Димитар Узунски.

Признанија на Димитар Узунски:

uzunski 06

uzunski 07

uzunski 08

uzunski 09

uzunski 10

uzunski 11

uzunski 17

uzunski 18

Предложете значајна личност од Делчево

Форма за предлог на позната или значајна личност или грипа на луѓе по потекло од Делчево кој ќе биде објавена во нашата рубрика "Значајни личности".

Секој корисник на овој наш интернет потрал www.destinationdelcevo.mk може да предложи по сопствена слободна процена одредена значајна личност или одредена група на луѓе за објава во оваа наша рубрика.

Независно од која област на работа и делување на личноста или група на луѓе, доколку сметате дека има потреба да се најде на оваа наша репрезентативна листа слободно пријавете ги вашите фаворити.

На тој начин заеднички да допринесеме кон етаблирање на успешните личности по потекло од Делчево на кои треба да се угледаат идните генерации на делчевци/македонци.


 Услови за пријава на кандидат за нашата листа на Значајни личности:

1.Личноста треба да биде роден/а во Делчево

2.Со својата работа и општествен ангажман да допринел/а за развојот на Делчево и Република Македонија

3.Личноста треба да е познат/а и признат/а од јавноста во Делчево и Република Македонија.


Со користење на оваа пријавна форма подолу вашата пријава ќе биде евидентирана од страна на администраторскиот тим на нашиот интернет портал, по што уредувачкиот тим ќе премине кон евалуација на вашата пријава.

Доколку ги задоволува потребните критериуми за објава во нашата рубрика, вашата предлог-личност или предлог група на луѓе ќе биде објавена во нашата рубрика во рок од 2 работни денови.

Податоците доставени преку интерактивната форма за пријава подолу се сопственост на лицето кое ја пополнува формата за пријава,  а нивната вистинитост е одговорност на пријавувачот.

Благодариме за соработката.

Внеси фотографија (JPG, JPEG или PNG) формат со големина до 2 MB од личноста/групата на луѓе која ја/ги пријавувате за нашата рубрика.

Кликни за означување на копчето и прифаќање на условите за користење на оваа форма дадени погоре.

Сакам моите име и презиме да бидат објавени како автор на текстот кој ќе биде објавен.

  Refresh Captcha  
 

Поднеси форма за преглед од администраторскиот тим на Дестинација Делчево

 
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна