Библиска Македонија отсекогаш имала одлични играорци и ороводци. Некои од нив играле до крајот на својот живот, пренесувајки ги на младите тајните на чекорите. Таков беше дедо Митко- најдобриот македонски ороводец, легендата на Копачката.

Роден е на 29.07.1917 год, во Белчанска маала, во с. Драмче. Во родителскиот дом се негуваа народните традиции, песни, ора и обичаи. Татко му Стоил уште во раното детство, го учи да игра и да свири на ќемене, а од мајка му Ѓурѓа научува многу обичаи и песни.

Својата играорна дарба и способност, многу рано ја покажува на соборите, натпреварувајки се со најдобрите играорци и ќеменџии.

DSC 0092

DSC 0120

Дедо Митко- Димитрија Станоевски имаше извонредно чувство за ритам, но и природна интелегенција. Се облекуваше бавно. Сакаше секој дел од носијата, убаво да легне на неговото тело. Тој беше исклучително харизматичен човек. Уште со самото појавување на сцената ја мамеше публиката. Кога се игра Копачката секогаш орото се плаќа. Потоа дедо Митко со крпата, дава знак за почеток. И почнуваа неговите ситни монистени чекори кои се лизгаа по сцената, чекори кои изнудуваа силни аплаузи. Тие чекори се зборови на Копачката кои за да разберат, потребно е поголемо внесување во нивната содржина. Со својата волшебна игра дедо Митко ја распосла Копачката по фестивалските сцени издигнувајки ја до високо уметничко совршенство.

Scan0043

На прагот од својата 93 год. од животот, за последен пат на Републичкиот фестивал во Долнени, ја изигра Копачката. Предавајки му ја изводачката крпа на својот син, дедо Митко со солзи во очите се прости со својата голема љубов – со царувањето на Копачката. Беше и многу хуман човек. Издржа 4 операции а и подари и бубрег на својата ќерка.

Дедо Митко често зборуваше: „Да ја играш Копачката, треба да си роден за неа“; „Кога ги чујам тапаните, срцето ми се растреперува и со оро го смирувам“; „И кога ќе умирам ќе посакам да можам да ги чујам тапаните и да ја заиграм Копачката“. Групата му ја исполни неговата последна желба. Легендите никогаш не умираат, тие остануваат вечни.

Во 2014 година од страна на Здружението фолклорна група "Копачка" село Драмче, Општина Делчево беше реализиран проектот именуван како „Спомен соба на дедо Митко- ороводецот на Копачката“, со финансиско покровителство и во рамки на годишната програма за работа на Министерството за култура на Република Македонија
Проектот е реализиран со цел за уредување на Спомен собата во куќата на Дедо Митко-ороводецот на Копачката, во автентична изворна состојба како што била додека дедо Митко живеел во неа, дополнета со сите предмети, фотографии, публикации поврзани со животот и работата на дедо Митко.
Притоа со сообраќајни знаци е обележан правецот за доаѓање до самата спомен соба на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица и регионалниот пат Делчево-село Бигла-Виница. Од одклонот од овој регионален пат поставени се дрвени табли со познати изреки на дедо Митко до самата куќа во која што го поминал целиот свој живот и во која се наоѓа спомен собата.

 
Во собата се застапени речиси сите предмети кои му служеле на дедо Митко во текот на целиот негов живот, и тоа:
-креветот на кој спиел дедо Митко, 
-старата дрвена маса и
-ќумбето на местото каде што биле;
-Поставена е ловџиската пушка во еден од аглите каде што стоела и порано;
-Изработен е дрвен шкаф 80Х 80Х 150 cm со стаклен преден дел, соодветен за амбиентот на просторијата, за поставување на пијанечката изворна носија, во која настапувал дедо Митко;
-Поставено е шишенцето со ракија од кое тој пиел, чашката, чинијата, лажицата и вилушката со кои јадел на дрвената маса под двата прозори и
-поставување на стаклена заштита  стари и автентични фотографии од него и неговото семејство, написи во весници за него и неговата активност со Копачката како и публикации издадени за неговата работа.
-Издадена е Монографијата за Дедо Митко од авторот Димитар Узумски, во издание на ЗФГ "Копачка" с. Драмче Делчево.
Свеченото отварање на Спомен собата на Дедо Митко се случи на 30.10.2014 во присуство на тогашните членови на групата, припадници на семејството на дедо Митко, Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански, Претседателот на Советот на општина Делчево, Драган Христов како и Министерката за култура во Владата на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска.
 

Вака уреден просторот во кој дедо Митко живеел и го негувал изворниот пијанечки фолкор, е заштитен и претставува атрактивно место за посета од разни групи на посетители и туристи, а ќе претставува вистинска атракција на зачувано културно наследство, за кое Носителите на заштитата на орото – следбениците на ороводецот, повеле грижа за корените и одржливоста низ годините, што со едно име се вика Димитрија Станоевски- дедо Митко.

img068

Предложете значајна личност од Делчево

Форма за предлог на позната или значајна личност или грипа на луѓе по потекло од Делчево кој ќе биде објавена во нашата рубрика "Значајни личности".

Секој корисник на овој наш интернет потрал www.destinationdelcevo.mk може да предложи по сопствена слободна процена одредена значајна личност или одредена група на луѓе за објава во оваа наша рубрика.

Независно од која област на работа и делување на личноста или група на луѓе, доколку сметате дека има потреба да се најде на оваа наша репрезентативна листа слободно пријавете ги вашите фаворити.

На тој начин заеднички да допринесеме кон етаблирање на успешните личности по потекло од Делчево на кои треба да се угледаат идните генерации на делчевци/македонци.


 Услови за пријава на кандидат за нашата листа на Значајни личности:

1.Личноста треба да биде роден/а во Делчево

2.Со својата работа и општествен ангажман да допринел/а за развојот на Делчево и Република Македонија

3.Личноста треба да е познат/а и признат/а од јавноста во Делчево и Република Македонија.


Со користење на оваа пријавна форма подолу вашата пријава ќе биде евидентирана од страна на администраторскиот тим на нашиот интернет портал, по што уредувачкиот тим ќе премине кон евалуација на вашата пријава.

Доколку ги задоволува потребните критериуми за објава во нашата рубрика, вашата предлог-личност или предлог група на луѓе ќе биде објавена во нашата рубрика во рок од 2 работни денови.

Податоците доставени преку интерактивната форма за пријава подолу се сопственост на лицето кое ја пополнува формата за пријава,  а нивната вистинитост е одговорност на пријавувачот.

Благодариме за соработката.

Внеси фотографија (JPG, JPEG или PNG) формат со големина до 2 MB од личноста/групата на луѓе која ја/ги пријавувате за нашата рубрика.

Кликни за означување на копчето и прифаќање на условите за користење на оваа форма дадени погоре.

Сакам моите име и презиме да бидат објавени како автор на текстот кој ќе биде објавен.

  Refresh Captcha  
 

Поднеси форма за преглед од администраторскиот тим на Дестинација Делчево

 
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна