Маја Витановска е родена во 1980 година во Делчево. По потекло е од работничко семејство. Основно образование завршува во родниот град а средно училиште во Скопје.

Од 1994 година започнува да тренира во кик бокс клубот "Јун фан" од Делчево. Во 1995 година продолжува да тренира во клубот "Шаолин" од Скопје. Додека тренира во овој клуб паралелно тренира и во клубот "БК Кисела Вода" од Скопје.

На државното првенство на Македонија кое се одржало во Прилеп во 1994 година го има освоено првото место (златен медал). Наредната 1995 година повторно била прво место и останала државен првак на Македонија. Во 1997 година на светското првенство кое се одржало во Милано, Италија станала светски шампион во две категории на натпреварување: Светски шампион во Лоу Кик и Светски шампион во Фул Контакт во категорија до 51 кг. Во 1998 година станала Светски шампион во Лајт контакт до 55 кг.

Сите овие успеси на спортски план Маја Витановска ги има постигнато единствено само со својата посветеност и решителност да биде најдобра во тоа што го прави, со помош на своите тренери. Во време на постигање на овие големи успеси била удостоена со вниманието на сите позначајни државни личности во тоа време вклучувајки го и тогашниот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Но отсуството од широка државна подршка за продолжување на нејзините спортски успеси, ја натерува да се откаже од спортот и заминува во Обединетото Кралство да живее и работи во Лондон.

Маја Витановска денеска е горда мајка на две деца и сопруга, која е воедно и успешно извршува  директорска раководна функција во инвестициска фирма од Лондон. Во текот на летните денови накратко ја посетува Република Македонија и родното Делчево, каде живеат нејзините родители.

Неодамнешно интервју со Маја Витановска дадено за еден македонски портал може да се погледне тука.