Вовед:

Верка е музичка група од Делчево, Република Македонија. Нивниот стил претставува автентичен метал со елементи на традиционална македонска музика која вклучува народни инструменти како тапан, тарабука, гајда, кларинет и бендир. Актуелната постава на бендот е основан од: Влатко Ѓорѓиевски - Далтон (тапани), Марс Марсовски (гитара), Симе Златков (вокал), Златко Андоновски (бас и придружни вокали) и Христијан Тодоровски- Хико (фолклорни инструменти).

Почетоци

Верка се формирани во 1999 година од Маздрак (синтисајзер, вокал), Марс Марсовски (бас гитара) и Влатко Ѓоргиевски – Далтон (тапани) кои во тоа време сеуште се активни во бендовите Modified Gods (Марс и Далтон) и New Age Messiah (Маздрак). Во овој состав, бендот прави неколку клупски свирки низ Македонија (Скопје, Штип, Кратово, Делчево, Пробиштип, Охрид). После една таква свирка, на Маздрак му го крадат синтисајзерот заедно со комплетниот програминг. Бидејќи нема доволно средства да набави нов синтизајзер, Маздак почнува да свири на бас гитара, Марс свири на гитара, а ним им се приклучува Бране Антовски – Блеки на народни инструменти (тапан, тарабука, гајда, кларинет, бендир) и со тоа се менува звукот на бендот.

Активност

Во 2001 година, Верка добива прва награда од публика и жири комисија на фестивалот Рок фест во Скопје. Како победници, снимаат неколку песни во Студио М2 на Македонската Радио Телевизија кои подоцна ги објавуваат како демо EP. Истата година, со победата на Демо Таксират свират на тогаш престижниот фестивал Таксират 1+2 во Скопје.

Во 2003 година, бендот го издава својот прв албум со наслов „Џага“ за Литиум рекордс – Скопје кој е еден од најпродаваните албуми за таа година[1]. По издавањето на албумот, активно настапуваат по клубови и фестивали (Аларм – Љубаниште, Екс-ју Рокс – Бугојно/БиХ). Еден од позначајните настапи на бендот во тој период е како предгрупа на бразилскиот состав Soulfly во Скопје.

И покрај веќе снимениот албум, Верка не добива голема шанса за промоција, поради тоа што издавачот и промотер, Литиум рекордс, не го почитува договорот. Затоа, по 2003 година следува непланирана пауза од настапи која бендот ја користи за создавање нова музика.

Во 2009 година, Верка го промовира спотот за новата песна со наслов „Огин“ и концертно се активира. Во декември 2010 година, самостојно го издаваат вториот албум „Моторни песни“, насловен според збирката поезија на македонскиот поет Никола Вапцаров.

Во текот на 2011 година, бендот се посветува на концертна промоција на албмот и одржува неколку настапи низ Македонија (Скопје, Делчево, Куманово, Битола).

Во јуни 2012 година, Верка заминува на турнеја низ Балканот и го промовира својот материјал со концерти во Суботица, Нови Сад, Белград, Загреб, Љубљана, Крањ, Белтинци, Сараево и Подгорица.

Од август 2012 година, Бране Антовски веќе не е член на бендот, а на негово место доаѓа Христијан Николовски - Хико.

Членови
  • Симе Златков (вокал)- Скопје,
  • Златко Андоновски (бас и придружни вокали)-Скопје
  • Влатко Ѓорѓиевски – Далтон – тапани-Делчево
  • Марс Марсовски – гитара-Делчево
  • Христијан Николовски-Хико - тапан, тарабука-Делчево.
Поранешни членови
  • Маздрак – бас, вокал (1999-2013)- Делчево, 
  • Бране Антовски - Блеки - тапан, тарабука, кларинет (1999-2012)-Делчево
Дискографија

Демо (2001)

„Демо“ е EP кое содржи 5 песни снимени во Студио М2 на Македонската Радио Телевизија. Истите песни се издадени во соработка со Литиум рекордс и бесплатно разделени. Веднаш потоа, повторно е отпечатен истиот тираж од страна на тогашниот фанзин „Cor, Cordis“ и поделен како подарок CD заедно со списанието.

Листа на песни

1. Jaggah

2. Never Going Out Love

3. M.H.O. Parade

4. Veronica Dies

5. Flowers For Rose

Џага (2003)

„Џага“ е првиот албум на Верка издаден во 2003 година за Литиум Рекордс кој истата година е еден од најпродаваните домашни албуми. Како деби албум, „Џага“ отвори простор за промоција на бендот, но недоволно квалитетниот звук на албумот не го прикажа вистинскиот потенцијал на бендот. Песните на албумот се напишани на македонски и англиски јазик.

Листа на песни

1. M.H.O. Parade

2. Jaggah

3. Тешко!

4. Индустрија

5. Поразличен свет

6. Македонците

7. Never Going Out Love

8. Veronica Dies

9. Testimony

10. Flowers For Rose

„Моторни песни“ е името на вториот албум на Верка, издаден од бендот во декември 2010 година. Насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од збирката поезија со исто име на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Две песни со наслов „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје. Сите песни се напишани на македонски јазик.

Листа на песни

1. Панк! Панк! Панк!

2. New Found Faith

3. Црно оро

4. Песни

5. Ѓерданот

6. Иднина небиднина

7. Огин

8. Такаметера

Третиот албум на групата е именуван како: Verka – “Werk. A” . Во себе ги содржи темите:

1. Extreme Cold ;

2. Hikoshiba ;

3. 1 on 1 ;

4. Ortoma ;

5. iMaster ;

6. Džungla ;

7. Enki ;

8. Nazemjata ;

9. Dead Love.

 Официјална MySpace страна на бендот 

Предложете значајна личност од Делчево

Форма за предлог на позната или значајна личност или грипа на луѓе по потекло од Делчево кој ќе биде објавена во нашата рубрика "Значајни личности".

Секој корисник на овој наш интернет потрал www.destinationdelcevo.mk може да предложи по сопствена слободна процена одредена значајна личност или одредена група на луѓе за објава во оваа наша рубрика.

Независно од која област на работа и делување на личноста или група на луѓе, доколку сметате дека има потреба да се најде на оваа наша репрезентативна листа слободно пријавете ги вашите фаворити.

На тој начин заеднички да допринесеме кон етаблирање на успешните личности по потекло од Делчево на кои треба да се угледаат идните генерации на делчевци/македонци.


 Услови за пријава на кандидат за нашата листа на Значајни личности:

1.Личноста треба да биде роден/а во Делчево

2.Со својата работа и општествен ангажман да допринел/а за развојот на Делчево и Република Македонија

3.Личноста треба да е познат/а и признат/а од јавноста во Делчево и Република Македонија.


Со користење на оваа пријавна форма подолу вашата пријава ќе биде евидентирана од страна на администраторскиот тим на нашиот интернет портал, по што уредувачкиот тим ќе премине кон евалуација на вашата пријава.

Доколку ги задоволува потребните критериуми за објава во нашата рубрика, вашата предлог-личност или предлог група на луѓе ќе биде објавена во нашата рубрика во рок од 2 работни денови.

Податоците доставени преку интерактивната форма за пријава подолу се сопственост на лицето кое ја пополнува формата за пријава,  а нивната вистинитост е одговорност на пријавувачот.

Благодариме за соработката.

Внеси фотографија (JPG, JPEG или PNG) формат со големина до 2 MB од личноста/групата на луѓе која ја/ги пријавувате за нашата рубрика.

Кликни за означување на копчето и прифаќање на условите за користење на оваа форма дадени погоре.

Сакам моите име и презиме да бидат објавени како автор на текстот кој ќе биде објавен.

  Refresh Captcha  
 

Поднеси форма за преглед од администраторскиот тим на Дестинација Делчево

 
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна