Методи Митевски – Брицо е роден на 15 април 1924 година во Царево Село (денешно Делчево), од татко Зафир и мајка Зуица. Босоногото детство го поминал со својата сестра Фруска и братот Ѓорѓи во безгрижни игри со децата по  маалските сокаци  околу Црквата и Касарната и покрај Брегалница.

loading...

Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, прогимназија и гимназија до седми клас во Штип, а осмиот клас и матурата во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Вонредно студирал на Правниот факултет во Скопје и е еден од првите дипломирани правници од Пијанечко-малешевскиот крај.

Според зборовите на  Методи Гогов - дедо Михаил, (блажено упокоениот архиепископ на МПЦ ), кој му бил професор на Брицо во штипската гимназија, тој бил одличен ученик, трудољубив и дружељубив, членувал во спортската и во драмската секција, пеел во хорот и целата литургија ја знаел напамет. Во Штип, град со богата револуционерна и културно – духовна традиција, Брицо се дружел со Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Фирус Назим, Трајко Донев, Ацо Шопов и други напредни младинци, класно и национално осознаени,  и заедно со нив се приклучува на напредното младинско движење и СКОЈ.

По окупацијата заминува во Горна Џумаја по налог на Вера Ацева и Окружниот комитет на КПЈ, со задача да воспостави врски со тамошното движење на отпорот против фашизмот и со партиските организации и партизанските одреди од Пиринска Македонија. Тука,  исполнувајќи ја партиската задача ја запознава  Мара Междуречка, а преку неа и, големиот скулптор Крум Дерменџиев (автор на спомениците на Гоце Делчев во Благоевград и на Јане Сандански во Мелник) и бил чест гостин во нивниот дом, недалеку од Гимназијата „Св.Кирил и Методиј„ во која учеле и двајца помлади браќа на уметникот (загинати во борбите со фашистите кај селото Звегор). Од нивната мајка Петра, Брицо љубопитно  ги слушал легендите за подвизите  на македонските ајдути и комити по Пирин, на  солунските атентатори и на славниот војвода Јане Сандански. Тогаш се заветил ако некогаш се ожени и има син дека ќе го крсти Јане, во спомен, слава и чест на легендарниот пирински цар. Заветот по неколку години го исполнил и на својот син - првата рожба со жена му Вера и го даваат името Јане. Тој (неколку години по смртта на Брицо) извесно време беше ученик во гимназијата во Делчево, именувана по татко му.

По завршувањето на Гимназијата, Методи Митевски е регрутиран во бугарската армија и рокот го служи во родот пешадија при авијацијата во Горна Ореховица. Продолжува со илегална антифашистичка дејност и паѓа во затвор, но поради недостиг на докази е ослободен. За време на краткото отсуство, дезертира и стапува во врска со партизаните. Преку Голак ќе се најде на Плачковица и подоцна во Бригадата во Митрашинци. Од главниот штаб на НОВ и ПОМ добива и со успех ја исполнува задачата да го придружува стариот гемиџија, виден деец на ВМРО, револуционерот Павел Шатев, кој држи митинзи во Крупник, Пехчево, Тработивиште, Град, Царево Село и низ други места ширум Македонија.  Павел Шатев подоцна ќе стане министер за правда и близок соработник на Методија Андонов – Ченто, а Брицо ќе продолжи да  одржува контакти со него и се обидува да му помогне кога паднал во немилост.

loading...

Во периодот по ослободувањето Брицо е на партиски и државни раководни функции во Делчево, Берово, Штип и Битола. Избраницата на своето срце – Вера со која се оженил ја запознал и засакал во Битола. Во бракот родиле три деца: синот Јане и ќерките Весна и Мила. Со својата трудољубивост, посветеност на обновата и изградбата на татковината, Брицо кај широките народни маси стекнува голема популарност, а меѓу републичките и сојузните раководители висок авторитет. Гради метеорска политичка кариера: биран е за пратеник во Народното собрание на Македонија и во Сојузната скупштина на ФНРЈ, бил министер за земјоделство, генерален секретар на владата, потпретседател на Извршниот комитет на ЦК и на Владата на НРМ. Бил близок соработник со Лазар Колишевски, а ги освојува и симпатиите на маршалот Јосип Броз – Тито.

 Брицо бил избран за  претседател на Комисијата за изработка на преднацртот на Уставот на НРМ. Во тоа својство кон крајот на летото со другите членови на Уставната комисија интензивно работи на највисокиот државен акт на Македонија во Титовата вила во Охрид. За жал таа задача  ja оставил недовршена. На 17 септември 1962 година, трагично го загубил животот во водите на Охридското езеро, под неразјаснети околности.

Веднаш по неговата прерана смрт (имаше само 38 години) и официјалната верзија (се удави во несреќен случај во водите на Охридското езеро), се појавуваат шпекулации и сомненија, кои не се ниту потврдени, ниту демантирани до денешни дни.

Закопан е во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел во Скопје, со највисоки државни почести, а меѓу првите од многубројните телеграми на сочувство до неговата сопруга се и  од највисоките републички и сојузни партиски и државни раководители на Македонија - Лазар Колишевски и на Југославија - Јосип Броз Тито. Во знак на признание за неговите заслуги многу улици, плоштади, стопански организаци, спортски клубови и училишта во Македонија го носат неговото име.

Средното општинско училиште во Делчево го носи името Методи Митевски – Брицо. Бројните генерации ученици, нивните родители и професорите се гордееле, се гордеат и ќе се гордеат со името, и со полно право и голем пиетет го негуваат и се потсетуваат на делото на својот патрон.

ozio_gallery_nano

loading...

Предложете значајна личност од Делчево

Форма за предлог на позната или значајна личност или грипа на луѓе по потекло од Делчево кој ќе биде објавена во нашата рубрика "Значајни личности".

Секој корисник на овој наш интернет потрал www.destinationdelcevo.mk може да предложи по сопствена слободна процена одредена значајна личност или одредена група на луѓе за објава во оваа наша рубрика.

Независно од која област на работа и делување на личноста или група на луѓе, доколку сметате дека има потреба да се најде на оваа наша репрезентативна листа слободно пријавете ги вашите фаворити.

На тој начин заеднички да допринесеме кон етаблирање на успешните личности по потекло од Делчево на кои треба да се угледаат идните генерации на делчевци/македонци.


 Услови за пријава на кандидат за нашата листа на Значајни личности:

1.Личноста треба да биде роден/а во Делчево

2.Со својата работа и општествен ангажман да допринел/а за развојот на Делчево и Република Македонија

3.Личноста треба да е познат/а и признат/а од јавноста во Делчево и Република Македонија.


Со користење на оваа пријавна форма подолу вашата пријава ќе биде евидентирана од страна на администраторскиот тим на нашиот интернет портал, по што уредувачкиот тим ќе премине кон евалуација на вашата пријава.

Доколку ги задоволува потребните критериуми за објава во нашата рубрика, вашата предлог-личност или предлог група на луѓе ќе биде објавена во нашата рубрика во рок од 2 работни денови.

Податоците доставени преку интерактивната форма за пријава подолу се сопственост на лицето кое ја пополнува формата за пријава,  а нивната вистинитост е одговорност на пријавувачот.

Благодариме за соработката.

Внеси фотографија (JPG, JPEG или PNG) формат со големина до 2 MB од личноста/групата на луѓе која ја/ги пријавувате за нашата рубрика.

Кликни за означување на копчето и прифаќање на условите за користење на оваа форма дадени погоре.

Сакам моите име и презиме да бидат објавени како автор на текстот кој ќе биде објавен.

  Refresh Captcha  
 

Поднеси форма за преглед од администраторскиот тим на Дестинација Делчево

 
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна