Биографски податоци (живот и дело)

Еден  од првите сликари акварелисти, кој целиот творечки век му се посветил на оваа сликарска техника. Транспарентноста и флуидните преливи на боите ја рефлектираат светлината и леснотијата на насликаните мотиви. Најчесто ги третирал пејзажните амбиенти во кои понекогаш ги сместува фрагментите од селската архитектура, мртви природи и портрети.

loading...

Академски сликар роден на 15 април  1912 година, во с. Тработивиште. Учителска школа завршил 1936 година во Белград. На студиски престој бил  во многу западноевропски земји. Бил член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од неговото постоење од 1946 година и негов претседател.

Името на Љубомир Белогаски слободно може да се смести помеѓу повеќе уметници кои подоцна  ќе станат основоположници на македонската модерна уметност: Димитар Андонов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Василие Поповиќ-Цицо,  Вангел Коџоман, Михајло Шојлев и др.  Бил редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Белогаски несомнено спаѓа во најдобрите акварелисти на Балканот. Од 1937 до 1976 година приредил 6 самостојни изложби, добил поголем број награди, одликувања и признанија меѓу кои и октомвриската награда за животно дело,како и наградата “13Ноември “од областа на културата и уметноста.

Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од претставниците на првата генерација современи македонски сликари и основоположници на македонската современа ликовна уметност е роден на 15.04.1911година во Делчево. Високото образование го формира во Белград од 1931 до 1928 на Академскиот отсек при Уметничката школа, во класата на професорите Бета Вуканович, Љубомир Иванович, Никола Бесевич, Симеон Роксандич, Иван Радович, а во 1947 година специјализира графички техники на Академијата за ликовна уметност во Љубљана кај професорот Божидар Јакац.

Беше долгогодишен професор и педагог во неколку гимназии во Скопје и во школата за применета уметност(1945-1949) каде во 1947година со соработка со графичарот-професор Кокоткович од Загреб, го формира графичкиот оддел. ОД 1949 година преминува на работа во новооснованиот Технички факултет, при неговиот Архитектонски оддел во Скопје се до 1981 година кога е пензиониран како редовен професор. Белогаски остварува повеќе студиски патувања во Европа: Лондон, Париз, Рим, Фиренца во 1937, 1950, 1952, 1962 година. Од 1945 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и негов претседател во 1957 година.

Неговиот творечки опус е одбележан со многубројни самостојни и групни изложби низ поранешните Југословенски простори. Добитник е на вредни награди и признанија, меѓу кои и октомвриската награда на СРМ за животно дело во 1972, Орден на Републиката со сребрен венец 1979, Наградата 13-ти Ноември во 1992 и други. Покрај дејноста во областа на уметничкото творештво, тој активно учествувал и во јавниот и културен живот на земјата.

Во знак на почит кон град во кој живееше и твореше, Љубомир Белогаски во 1991 година остави вреден легат-од сопствената збрика, подарувајќи му на Музејто на град Скопје 159 дела. Донацијата ја  сочинуваат 125 акварели, 6 масла, 26 цртежи и 2 графики, настанати од 1929 до 1990 година. Оваа донација е прва во Македонија и овозможи Музејот на град Скопје да ја оформи галеријата Љубомир Белогаски, во која постојано се изложени делата кои го чуваат споменот на човекот-уметник и педагог.

Љубомир Белогаски почина на 15.02.1994 година во Скопје, но зад себи ги остави своите многубројни ликовни делa во духовната ризница на нашата култура. Во знак на сеќавање и пиетет кон личноста и делото на големиот мајстор на акварелот, Музејот на град Скопје востанови годишна награда „Љубомир Белогаски“.

Во текот на својата долгогодишна богата и плодна творечка дејност, Белогаски ќе експeриментира во повеќе техники, но акварелот ќе остане негова трајна определба, во кој остварува врвни дострели оформувајќи го својот личен ракопис на врвен мајстор на акварелот.

Регистарот на неговото сликарство е доста богат, дијапазонот на уметничката личност доста широк. Суштината на внатрешниот императив под кој го траспонира сликаниот предмет го формира  во петтата деценија и го негува до крајот на животот, подеднакво; мртвата природа-цвеќиња, портретот и пејсажот. Сликарството на Белогаски претставува плод на свевидна инспирација и преокупација од природата што го опкружува како емотивно раздвиужување. Што и да слика, мотивнот е секогаш структуриран во чиста и цврста композија, со јасна естетска концепија и колористичка хармонија. Потезот е одличен, пигментот чист, композијата урамнотежена, матријализацијата уверлива. Така, севкупното негово творештво ги интегрира типолошките и содржински белези на естетската програма во духот на поетскиот реализам.

loading...

Мртвата природа-цвеќињата, трапонирани во различни варијанти, се застапени во поголем број. Изведени со сигурна рака, суптилно чувство и техничка вештина, со мошне слободна интерпретација на виденото, поттиканта од играта на визуелните сензации, со рафиниран и топол колорит, главно лирски интониран, каде што мотивот се претвора во пулсација и ритам, при тоа не нарушувајќи ја визуелната препознатливост, Белогаски гради една нова реалност, со извесно геометризирање на формите и нагласена смиреност на општиот тон на сликата.

Паралелно со мртвата природа, Белогаски создава портрети и фигури кадешто доминира само главата или допојасната фигура. Тоа се дела работени со студиозен пристап во теретирањето на ликот, со сигурен, синтетичен нагласен цртеж, со чувство и топлина, пред се во колористичката хармонија и нанесувањето на акварелните бои (некаде разлеани, некаде во пошироки боени површини). Линијата со која се профилирани ликовите е мека и спокојна со честа употреба на тенки и широки контури во обликувањето на формата, понекогаш со неисликани бели секвенци кои заедно со благата ритмика придонесуваат за раздвиженоста на фрактурата и транспарентнотста.

Во доменот на пејсажот, првите импресии на Белогаски потекнуваат од македонскиот предел-од неговиот роден крај, циклусот „Од Брегалница“ од 1937/38 година, но секако во севкупниот творечки опус, доминантно место зазема циклусот „Бокељски мотиви“ како заокружена целина и врвно достигнување, настанат во периодот од 1947-1957 година. Околу стотина дела-акаврели тематски поврзани со Црногоското поднебје се плод на континуирана творечка дејност.

Инспириран од чистите предели, стрмните и сурови планински масиви, негибнатата стара градска архитекура, со аналитичка опсервација од различни агли и визури настанаа зрели ликовни творби. Тоа се дела работени со изворен ликовен јазик и лирски третман, со јасен есетски видик и технички педатна обработка до прерфекција. Сиот циклус по својата свежина и оргиналност се отркрива во фасцинантен сјај на неизменото пространство помеѓу природниот рејлеф, небото и планинските масиви.

Природните предели и „палаци“ како тематска арматура се транспонирани во многу варијации со што авторот се стреми, во самата природа да ја открие хармонијата на најзначајното, најчистото, но и во истовреме и најизразитото. Тоа се дела од кои блика светол млаз на лиричност (без поголем немир и остар призвук на драматичност) каде потезите се слеани, тонот дискретен, валерите јасно одредени. Така, основните елементи во процесот на сликање, едни со други се поврзуваат, се усогласуваат и заемно дејствуваат во целината: сртежот со тонот, тонот со бојата, бојата со формата, формата со композицијата.

Така, Белогаски гради систем на компонирање во кој секоја плотна е усогласена со соседната а сите заедно со целината. Акварелните бои ги нанесува мозаички. Се создава калеидоскоп од хармонични и ритмички распоредени боени површини во кои со спретивностите на статичното и динамичното, на светлото и сенката се добива впечаток на материјализирана патина што повеќе се напластувала врз фасадите на старите куќи, балкони и портали.

Сеопфатно, лексиката на сликарство на Љубомир Белогаски е повеќе слојна; се одликува со континуитет и доследност, со сензибилитет, главно лирски интониран. Последиците се природно и логично изразени во сликарски вредности-акварели, кои зрачат со сета своја оргиналност и свежина, топла и ведра панорама на организирани обоени површини, дела кои со своето постоење имаат трајна вредност и ја збогатуваат нашата ликовна современост.

ozio_gallery_nano

loading...

Предложете значајна личност од Делчево

Форма за предлог на позната или значајна личност или грипа на луѓе по потекло од Делчево кој ќе биде објавена во нашата рубрика "Значајни личности".

Секој корисник на овој наш интернет потрал www.destinationdelcevo.mk може да предложи по сопствена слободна процена одредена значајна личност или одредена група на луѓе за објава во оваа наша рубрика.

Независно од која област на работа и делување на личноста или група на луѓе, доколку сметате дека има потреба да се најде на оваа наша репрезентативна листа слободно пријавете ги вашите фаворити.

На тој начин заеднички да допринесеме кон етаблирање на успешните личности по потекло од Делчево на кои треба да се угледаат идните генерации на делчевци/македонци.


 Услови за пријава на кандидат за нашата листа на Значајни личности:

1.Личноста треба да биде роден/а во Делчево

2.Со својата работа и општествен ангажман да допринел/а за развојот на Делчево и Република Македонија

3.Личноста треба да е познат/а и признат/а од јавноста во Делчево и Република Македонија.


Со користење на оваа пријавна форма подолу вашата пријава ќе биде евидентирана од страна на администраторскиот тим на нашиот интернет портал, по што уредувачкиот тим ќе премине кон евалуација на вашата пријава.

Доколку ги задоволува потребните критериуми за објава во нашата рубрика, вашата предлог-личност или предлог група на луѓе ќе биде објавена во нашата рубрика во рок од 2 работни денови.

Податоците доставени преку интерактивната форма за пријава подолу се сопственост на лицето кое ја пополнува формата за пријава,  а нивната вистинитост е одговорност на пријавувачот.

Благодариме за соработката.

Внеси фотографија (JPG, JPEG или PNG) формат со големина до 2 MB од личноста/групата на луѓе која ја/ги пријавувате за нашата рубрика.

Кликни за означување на копчето и прифаќање на условите за користење на оваа форма дадени погоре.

Сакам моите име и презиме да бидат објавени како автор на текстот кој ќе биде објавен.

  Refresh Captcha  
 

Поднеси форма за преглед од администраторскиот тим на Дестинација Делчево

 
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна