Вовед за село Драмче

Северозападно од градот Делчево на површина од околу 35 км2 се наоѓа географскиот простор на селото Драмче. Теренот и рељефните структури на земјиштето се доминантно од ритчест и висорамнински карактер. На исток атарот на село Драмче граничи со атарите на селата Селник, Киселица и Очипала. На југ граничи со атарот на село Бигла на запад со селата Илиово, Вратиславци и Костин Дол.

Низ територијата на село Драмче минува текот на реката Брегалница, регионалниот пат А3 кој ја поврзува општината Делчево со Македонска Каменица и остатокот од Република Македонија но и преку граничниот премин кај месноста Арнаутски гроб со Република Бугарија.

Селото Драмче сега е село од разбиен тип составено од дваесетина маала меѓу кои поголеми се Белчанско маало и Димовско Маало.Само Белчанско маало се наоѓа на левиот брег ан реката Брегалница а сите други маала се наоѓаат на десната страна.

loading...

Драмче во историска смисла е средновековна населба, но археолошките наоѓалишта кои ги има на територијата на Драмче укажуваат на постоење на организиран живот како населба дури од праисторијата преку античко и римско време па се до денес. Во пишувани историски документи Драмче за првпат се спомнува во Повелбата на Цар Душан од 1346 година. Во тoa времe територијата на Пијанец  влегувала во рамките на Злетовско-Брегалничката епископија. Со оваа повелба на Цар Душан на оваа епископија на некој начин и бил доделен правен статус на геограска целина која опстојувала во така определените етимолошки граници.

Во средновековието низ Драмче поминувале повеќе патишта што говорат за богатата инфраструктурна поврзаност на овој предел како и неговата економска и општествена важност во тогашните општествени односи.

Едниот од тие патишта тргнувал од Осоговските планини и попречно го сечел Пијанец од Саса преку Драмче до Тработивиште, од каде преку клисурата на Брегалница и Малешево водел за Солун.

Вториот пат од кај местото "Св.Никола" се одделувал од патот по Брегалница, излегувал во село Драмче кај "Шарена црква"  и преку ридот Турчовнец кон Ановите и седловината Омар слегувал во реката Елешница. (Шарена црква во Отоманскиот период ја нарекувале црквата на чие што место денес постои црквата "Св. Архангел Михаил". Во тој период оваа црква имала преубав иконостас за што поради својата шареноликост била наречена и "Шарена Црква".Според народното предание оваа црква е градена  врз темелите на големата црква „Св. Богородица“, од  VI-VII  век

Според направениот попис во XVI век село Драмче е заведено под денешното име под реден број 18 во нахијата Пијанец која влегувала во казата Илиџа со седиште во Ќустендил. Тогаш Драмче имало 40 христијански семејства и 31 неженет. Покрај христијаните заведени се и две турски семејства и двајца неженети Турци. Селото давало годишен данок од вкупно 7500 турски акчиња.

Од спротивната страна на "Шарената црква" се наоѓа локалитетот Старото Село. Според народното предание таа населба била од збиен тип. Скоро сите денешни драмчани имаат малку земја околу тој локалитет. Земјата во својата утроба крие многу вистини за луѓето кои тука живееле за нивната култура, за нивната судбина и трагедија.

Во непосредна близина на црквата се наоѓаат остатоците од првото училиште во Драмче, кое било отворено 1869 година. Покрај учениците од Драмче, училиштето го посетувале и деца од соседните населби. Први нааставници биле свештениците. Драмче имало богат црковен, но и просветен живот.

Настава во т.н. старо училиште ќе се изведува сè до 1922 година кога по изградбата на новата училишна зграда тоа  престанува со работа. Во близина на старото училиште изградена е нова современа училишна зграда во која настава има сè до 2008 год. Поради малиот број на ученици по полни 140 години,  престана да работи ова училиште. Со тоа згаснаа вековните просветни традиции во Драмче.

Празник на селото е пророкот  "Св. Еремија". На тој ден Драмчани своите гости ги примале во своите домови. По ручекот на тој ден сите заедно излегувале на собориштето што се вика "Еремија". Таму до скоро се играше на тапани и беше еден од најпознатите собори. Денеска соборниот ден е заборавен к како воопшто да не постои.

Голем празничен ден на сточарите е празникот Ѓурѓовден. На тој ден и денеска целото село излегува кај месноста Драмчанско (Ѓурѓово) дабје   со печени јагниња на заеднички ручек, кој започнува со црковен обред кај побиениот камен, а завршува со народни ора и песни.

Во 1961 година селото Драмче по број на жители е најбројно. Тогаш во него има 868 жители. Новото време што донесе нови услови за живеење го зеде својот данок. Од спомнатите жители, денес во селото има само една четвртина од нив. 

Селото Драмче е познато по своите богати народни традиции, обичаи, песни, по своето ткаење и изработка на народните носии, своето музицирање со народни инструменти, по своето гостопримство.

Над сето богато фолклорно наследство што го има во Драмче високо и гордо се издигаат играорните традиции и способности на драмчани. Штом ќе се роди детето и стапне на нога тие веднаш го учат да игра пренесувајќи ја желбата за игра уште од најраното детство.

Драмче е најпознатото, не само пијанечко туку и македонско село во фолклорниот свет во државата, но и надвор од неа.

Најголем виновник за тоа е Фолклорната група "Копачка"  со своето повеќедецениско успешно постоење како вистински амбасадор на Пијанечкиот фолклор.

Општо за селото

За село Драмче постојат многу интересни кажувања, како за драмечките таинствени и преубави места така и за луѓето кои живееле на овие простори.

Селото Драмче по територија е едно од најголемите села во Република Македонија. Постои кажување од стари драмчани дека село Драмче по територија е колку Белград (во контекст на постоење на претходната СФРЈ).

Селото Драмче е домот на Копачката. Селото Драмче е родната нива на која изникна еден раскошен никулец на Пијанечкиот, македонскиот и светскиот фолклор. 

Позначајни локалитети и знаменитости кои лежат распослани на плеќите на драмечките родови се

Локалитет Бр.1: МПЦ Св. Архангел Михаил во с. Драмче, Делчево

 

Локалитет Бр.1: 

МПЦ „Св. Архангел Михаил“ с. Драмче, Делчево

ИНФРАСТРУКТУРА:

  • ПРИСТАПЕН ПАТ:

Асфалтен пат во должина од 5.18 км од магистралниот пат М-5 до село Драмче и црн колски пат во должина од 1.3 км од асфалтниот пат во с.Драмче до црквата Св.Архангел Михаил

  • ВОДА: До самата црква има донесено вода за пиење преку посебна линија
  • ОБЈЕКТ: ВО ИЗГРАДБА СО НАМЕНА ЗА КУЈНА И ТРПЕЗАРИЈА кој е изграден од страна на самите жители со сопствени средства како и со подршка на општина Делчево
  •  
  • НАСТАН:
  • ДАТУМ:

21.11. секоја година, на денот на Православниот верски празник „Собор на Св. Архангел Михаил“.

  • АКТИВНОСТИ- ОПИС НА НАСТАНОТ:

За  денот  на  верскиот  празник  „Собор  на  Св. Архангел  Михаил“  уште  од претходната година се знае кои луѓе и колку на број ќе даваат курбан. Посетителите на курбанот како и кумовите кои даваат курбан, донесуваат погача, баница, туршија, сирење, салати од зелка и компир и домашна сливова или џанкова ракија, како и свој прибор за главното јадење. Секој го поставува својот рачно исткаен пешкир со донесените продукти и прави така наречен колак. Тие се редат еден до друг во трпеза, но на земјата. На местото на настанот, 7-те кумови го подготвуваат главното јадење- курбан кое е во зависност дали празникот е во посен или мрсен ден. Кога се мрси секој кум си коле по едно јагне, од  кое  во  бакарни  казани  се  готви  манастирска  манџа.  Таа  покрај јагнешкото месо се состои и од зеленчуци: пипер; патлиџан син и модар; моркови; кромид; ориз, сол, запршка и на крајот се додава магданос. Додека кога се пости за крбан се спрема грав (боб) по стандарден рецепт и риба, со посни салати.

ФГ „Копачка“ од с. Драмче, Делчево е чест посетител на овој православен курбан. Бидејки истата е формирана од играорци од оваа село, нејзините членови се заложуваат за зачувување на автентичниот начин на носење на курбан за овој ден со сите белези како некогаш. Така тие овде доаѓаат во народна носија, која ја препорачуваат и на другите посетители кој што располага со такви елементи да ги користи за доловување на некогашниот етно амбиент на вакви прослави.

Кога доаѓаат посетителите, влегуваат во црквата „Св. Архангел Михаил“ ја следат богослужбата и си палат свеќи за здравје. Се реди трпезата се готви ручекот. Кога се соберат доволно посетители, може да започне и веселењето: пеењето, играњето и музицирањето на изворни инструменти. Во овој дел водечко место заземаат звуците на на далеку познатата  „Копачка“ од с. Драмче.  Откако е готов ручекот– курбан, свештеникот го осветува и благословува јадењето.

Локалитет Бр.2: Место викано ДРАМЕЧКИ ДАБЈЕ

 Локалитет Бр.2:

Место викано “Драмчански дабје”

 

Локалитет Бр.3: Спомен соба на ороводецот на Копачката-Дедо Митко (Соколот од Драмче)

loading...

Локалитет Бр.3:

Спомен соба на ороводецот на Копачката-Дедо Митко “Соколот од Драмче” 

Спомен собата на Дедо Митко е отворена во 2014 година преку проект на ЗФГ "Копачка" село Драмче, Општина Делчево, финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија и со подршка на Општина Делчево. Во неа се содржат предмети, фотографии и документи од животот на

Димитар Станоевски ( Дедо Митко)-ороводецот на Копачката

Галерија на фотографии од село Драмче

Во продолжение Ви пренесуваме повеќе галерии на фотографии снимени во село Драмче во различни периоди во минатото. Дел од фотографиите се снимени во домот на Павле Симевски, како и во домот на легендата на пијанечкиот фолклор, ороводецот на Копачката-дедо Митко (Димитар Станоевски):

loading...

ozio_gallery_nano

contentmap_plugin
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна