Пред 4 години на 5-ти февруари 2014 година официјално започна вториот (поголемиот) дел од изградбата на Локалниот патен правец за поврзување меѓу селата Стамер, Град и Вирче.

loading...

Овој патен правец првично беше проектиран и започнат да се гради во времето на Градоначалникот Илчо Илиев во периодот 2000-2005 година,

Неговата имплементација продолжи во мандатот на Градоначалникот Горан Малешевски кога  беше почната постапка за буџетирање на целосната изградба за да биде довршен во 2016 година во времето на Градоначалникот Дарко Шехтански.

Станува збор за патен правец со кој во голема мера се подобрува сообраќајното поврзување меѓу овие три села, но и во однос на руралниот развој и олеснување на земјоделските активности на жителите на овие три села, овој патен правец игра важна улога.

Финансирањето на изградбата на патот во 2014 и 2015 година беше направено со сретства од Владата на Република Македонија како и со средства од Буџетот на општина Делчево.

loading...

Ваквата пракса за подобрување на сообраќајната и останата комунална инфраструктура треба да продолжи да се реализира и понатаму, со обезбедување на погодни услови за руралниот развој на нашите села, кои со помош на државата и локалната самоуправа можат да прераснат во мали економски стопанства и заживување на истите во блиска иднина.

Земјоделскиот капацитет и расположивиот земјишен потенцијал како и благопријатните микроклиматски услови стојат на располагање на жителите на Делчево, но потребно е знаење, инвестиции како и уште поголема грижа од страна на државата за стимулирање и развој на нови пракси и технологија во областа на аграрот.

Интерсекторското работење и здружување на технологии, знаење и капитал може исто така позитивно да влијае на оваа гранка, за што секако огромна улога треба да одигра и граѓанскиот сектор во оваа област на работење.

Но се чини најважно од се за покренување на овој тип на локален економски развој е пристапот до ефтини финансиски сретства за заинтересираните земјоделци и обезбедување на загарантиран пласман на земјоделските производи од страна на државата, трговците во соодветните дејности и базичните производители.

Во оваа статија се користени графички материјали од Отчетот на Градоначалникот Дарко Шехтански.

loading...

 

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна